Дражвната саудиска компанија Арамко,најголем светски производител и иавозник на нафта, соопшти дека ја разгледува можноста од јавна понуда на акции.

Компанијата “разгледува различни опции како би се овозможило пошироко учество на јавноста во нејзиниот капитал“, с потврдува во соопштението, кое го пренесува агенцијата АФП.
Како се додава, тоа би можело да се реализира по пат на пласирање на пазарен капитал со “одреден процент на акции на компанијата и/или пласирање на пакет на акции на нејзините производни единици“.
“Овој предлог е во рамките со сеопфатниопт прогресивен правец на развој кој го заговараат реформите на кралството, вклучувајќи ја приватизацијата во различни сектори на саудиската економија и дерегулација на пазарот, која компанијата силно го подржува“, се тврди во соопштението.
Ова соопштение, како потсетува француската агенција (АФП), доаѓа откако британското списание “Економист“ објави интервју со саудискиот принц Мохаммед бин Салман, втор по ред наследник на круната на Саудиска Арабија, кој изјавил дека се разгледува јавна понуда на акции од оваа компанија.
Од компанијата (Арамко), наведиле дека после разгледувањето на можностите, заклучоците ќе бидат представени на управниот одбор, кој ќе даде препораки на Врховниот совет на компанијата.
Со Врховниот совет претседава принцот Мохаммед, кој го надгледува работењето на компанијата откако таа беше одвоена од Министерството за нафта во минатата година.
Саудиското кралство соочено е со невообичаени економски нпредизвици во текот на понирањето(паѓање) на цената на нафтата во светот.
Минатата година, Ријад пријавил рекорден буџетски дефицит од 98 милијарди долари ( 90 милијарди евра) за 2015 година, предвидувајќи намалување во државната каса од 87 милијарди долари и за ова година, заради цената на сировата нафта која моментално се движи околу 34 долари по барел, што претставува драстичен пад од 100 долари по барел од почетокот на 2014 година.
Владата во Ријад, која со децении била великодушна во погледот на давање на субвенции во рамките на системо на социјални грижи, минатата недела неочекувано ја напушти таквата пракса, најавувајќи поскапување на горивото, струјата, водата и зголемивањето на остантите цени, наведува АФП.










