oregon

Што се случува во американската држава Орегон? Какви се оа вооружени луѓе кои ја преземаат контролата над федералните згради и му се закануваат на американските власти? Можеби првото прашање би требало да биде  – како се осудуваат на такво нешто? Во САД, земја каде вооружената побуна, од било каков вид обично трае кратко, ќудно е да се виде како овие “одметници“ толку лесно мафтаат со своите пушки, испраќајќи ги своите пораки и на сила истерувајќи ја правдата.

Од тука можеме да заклучиме дека американските власти, барем малку се плашат од нив, – не очигледно од нивната бројка, туку од   последицата  која може да се случи доколкку на нив тргнат на сила.

Ама, да тргнеме по ред , од првото прашање – што тоа се случува во американската држава Орегон? Приказната поприлично е интересна. Имено минатата сабота, во текот на ноќта грипа на вооружени упаднале во празна зграда во паркот на природата во Орегон која се наоѓа под контрола на федералните власти. Милитантите таму  зазеле позиции и порачале дека нема да се помрднат од тука сё додека американската Влада не ја сопре својата “тиранија“

Ова се разбира може да се протолкува како тероризам или вооружено- анти-владино востание или нешто трето што САД веднаш уште во старт би го кршел на сила. Меѓутоа во овој случај мора да дејствуваат крајно внимателно бидејќи луѓето кои се побуниле знаат дека со нив може да се поистоветуваат  бројни Американци, особено руралните белци ( а такви ги има доста и не може да се каже дека се многу напредни)

Кои се овие милитанти, зошти ја окупирале федералната зграда и зошто тврдат дека американската Влада спроведува “тиранија“? Сега ќе одговориме и на ова прашање.

Портпаролот ( односно лидерот на групата) еја претставува особата по име Аммон Банди, а тој пак е син на истакнатиот анти-владин ранчер Кливен Банди. Одиме понатаму. Кои се тие Банди-еви и од каде им е тој “анти владин“ статус по кој толку се препознатливи.

Ammon Bundy (L) i Cliven Bundy (D)

Стариот, Кливен Банди, познат е по вооружената пресметка помеѓу неговите приврзаници и силите за безбедност  која избувнала после 20 години од правната расправа помеѓи него и американската канцеларија за управување со земјоделските површини (United States Bureau of Land Management ili BLM). За што во стварност станува збор? Станува збор за тоа што Банди има доста стока и дека неговата стока со години пасе трева на федерална, значи Владина земја, на југоистокот на сојузната држава Невад.

Банди, вистински прототип на американски “патриот“ и каубој, а покрај тоа и дегутантен расист ( сугерирал  дека за  ’црнчугите’ – црнците подобро би било да се робови наместо да живеат на социјална помош – пред тој коментар тој бил подржуван од бројни Републиканци, ама после овој испад барем за јавноста ја изгубил нивната поддршка),одлучил после промената на законот во 1993 година на државата да не и плаќа за пасењето на стоката на државната територија (земја). Едноставно се направил глув и продолжил “по старо“ бидејќи како тоа често го доживуваат особи слични на него, тој немал намера да дозволи државата , односно“тиранијата“, да му го контролира животот.

Значи 20 години стоката (живина) на Банди била на државна земја и таа држава на крај на  27,март 2014 година одлучила да реагира. Фунцкионерите на БЛМ и припадниците на полицијата пристигнале на држабното земјиште, имот со површина од 145,604 јутари, како би ја “привеле“ односно тргнале стокаѕа на Банди. Меѓутоа откако веднаш започнале да ја собираат стоката на ранчот се појавиле “демонстранти“, односно приврзаниците на банди, а некои од нив и вооружени.

Државните власти како да не се снашле, шерифот Даг Гилеспи одличил да преговара со Банди, а новиот директор на БЛН, Нејл Корзе одлучил на крај да ја пушти стоката на Банди како не би дошло до ескалација на ситуацијата.

Вооружен отпор на Банди и неговите приврзаници во Невада 2014.

Значи Банди победил, односно успеал со своите вооружени милитанти да ги протера американските сили од федералната земја. Како успеал?  Можеби заради тоа што е дегутантен расист со кого, за жал би можеле да се поистоветуваат многумина во САД, особено ранчерите слични како него кои мислат дека државата ги “дере“. Можеби се исти рецидиви на Америка која исчезнува, Америка која настанала на геноцид над локалното индијанско население, ама тие особи и понатаму постојат и имаат сеуште поприлична моќ во американското конзервативно општество.

Добро,што се случило понатаму?  Банди стоката ја носел на пасење се до крајот на 2015 година, како ништо да не се случило. Меѓутоа зошто сега повторно дошло до ескалација? Милитантите поврзани со Банди, ама и други, се чувствуваат моќни, што нё зачудува. Американските власти направија голема грешка кога им дозволиле да застанат над законот во полет-та 2014 година. Се разбира можело да се очекува дека таквата постапка дека ќе ги охрабри и дека ќе се вратат уште посилни.

Еве што сега се случува. Во главниот фокус не се Бандиеви, туку браќата Двајт и Стив Хаммонд. Тие не се ранчери во Орегон 9 Бандиеви се од соседна Невада) и се обвинети дека во 2012 година илегално ја запалиле федералната земја како би ја очистиле, односно би го подготвиле теренот за пасење на својата стока. Со други зборови, Хаммондови тргнувале од начелото ’ако можат Бандиеви, тогаш можеме и ние’.

Двајт и Стив Хаммонд

Разликата е во тоа што Бандиеви својата стока ја пуштиле да пасе на федерална земја ( и притоа одбиле да платат износ) додека пак Хаммондови ја запалиле федералната земја после што нивната стока би можела да пасе. Тоа е сосема нешто друго- намерно палење на државно земјиште во САД  се казнува со противтерористички закон. Со други зборови, Хаммондови би можеле да добијат  поприлични казни заради своите чекори.

Меѓутоа тука повторно на сцена настапуваат Бандиеви, кои после пресметката во 2014 година, станале симбол на отпорот против државната тиранија. Имено, кога минатата недела на браќата Хаммонд им стигнала покана да се пријават во полиција, младиот Банди ги покренал своите милитанти одлучувајчи да застаен на страната (во одбрана) на браќата Хаммонд ( а со самото тоа и во одбрана на својата сопствена идеја дека можат на сила, односно со оружје, да им пркосат-спротивстават на американската федерална власт).

На.2.јануари 016 година Аммон Банди и неговата група на милитанти ја зазема најголемата федерална зграда во паркот на природата во Орегон.

Ескалација од голем размер. Колку ли само зајакнале милитантите на Банди за помалку од две години – во 2014 година ја натераа полицијата да се повлече од федералната зграда, а сега ја преземаат конттолата над федералните згради. Зградата ја држат под контрола и се закануваат, замислете и се закануваат на американската Влада.

Американски федералн комплекс кој Аммон Банди и неговите милитанти од 2.јануари 2016 година го држат под контрола.

Аммон Банди истакнува дека неговата група од сега има име – “Граѓани те за Уставна Слобода“. Исто така тој наведува дека окупацијата ја покренал откако “примир порака од Бога“ кој му рекол тоа да го направи. Со други зборови, ова не се само анти-владини милитанти туку и религиски екстремисти бидејќи нему “Господ му рекол“, локалните жители би требало да ја заземаат и контролираат федералната земја

Што сё ни кажуваат-пренесуваат браќата Хаммонд? Дали се среќни што ги бранат екстремистите на Бандиеви? Не, туку истакнуваат дека со тоа немаат никаква врска и дека не сакаат никаква подршка од овие милитанти.

Меѓутоа, ситуацијата се испомеша. Во стварност станува збор за радикални особи. Некои од нив во разговори за медумите дури рекле дека се подготвени“ да убијат и бидат убиени“. Се разбира, сето тоа предизвика голема дебата во внатрешноста на САД.

На картата прикажана Сојузната држава Орегон.

Станува збор за многу комплексна ситуација, а Аммон Банди и неколкумина негови милитанти повикаа и други нивни истомисленици, по пат на социјалните мрежи, да им се придружат, на поприлична оддалечена локација на околу 40 км од градот Бурн во Орегон. Им пристигнува ли поддршка? Донекаде- неколкумина истакнати радикали им се придружија, вклучувајќи го и Џон Ритцхајмер, поранешен маринец и истакнат исламофоб кој организирал протести пред исламскиот центар во Феникс носејќи маица со натприс “ Еб*ај го исламот“. Со други зборови, опасните радикали веројатно ќе го пронајдат пат до окупираната федерална зграда на оддалечениот парк на природата каде токму се создава една од најголемите незгодни ситуации по Владата на САД.

Што сакаат? До кога мислат да ја окупираат федералната зграда? Овие луѓе боруваат сё и сешто кога кон нив ќе се насочи некоја камера, ама крајно бараат: Власта да го даде паркот на природата со што “луѓето би можеле да ги земаат ресурсите“, а браќата Хаммонд да добијат полесна казна.

Жителите на Орегон излегоа на улиците во знак на поддршка на браќата Хаммонд.

Ситуацијата по малку е апсурдна- дури и ФБИ истакнува дека сакаат “мирно решавање на окупацијата“ додека Бандиеви препорачуваат дека тие се подготвени окупираниот простор да го држат со недели и месеци доколку има потреба. Се разбира станува збор за зграда која е далеку од цивилизацијата, на просторот на паркот на природата во кој никој нема намера да доаѓа. Значи милитантите со својата окупација не се закануваат на некои цивили или пак го блокираат сообртаќајот…. ама сеедно, овде станува збор за симболиката. Самиот факт дека можат со оружје, да ја окупираат федералната зграда, зборува многу.

За што во стварност овде станува збор? За длабоките проблемите во внатрешното американско  општество, за класните, ама и расни проблеми. Сега да се запрашаме, што би се случило доколку федералната зграда, на било кое место во САД, ја окупираше некоја организација за правата на црнечкото население, или пак некоја исламска организација? Американските специјални сили тука би биле за секунда и веројатно никој од окупаторите не би останал жив, или извлекол жива глава.

Аммон Банди, водач на милитантите кои спроведуваат окупација на федералната зграда во паркот на природата во Орегон, очигледно е над законот.

Фактот дека “тимот“ на Банди може да го прави ова, многу силно ни зборува за актуелната ситуација во САД. Меѓутоа , со овој исклучително мек став спрема нив, можеби го хранат монструмот кој можеби повеќе нема да можат да го контролираат. Америка е замја под оружје и тоа може да доведе до големи проблеми. Може да се каже дека американскиот претседател Обам не лее солзи кога зборува за фактот дека во САД има премногу оружје и дека реформи веднаш мора да се спроведат.

Меѓутоа додека е Банди и додека луѓето како Банди имаат толку влијание, САД тешко ќе оди напред, ама многу лено може да тргне наназад. Американските државни власти делуваат немоќно спрема Бандиеви, една рака милитанти додека во исто време без премногу милост вистинските патриоти, како што се на пример Брадлеј Челси Манинг и Едвард Сноуден, доживотно во затвор или доживотно се наоѓаат во прогон.

Извор: dubai-portal.com.mk/:advance

 

The Bundys, the family behind the Oregon militia standoff, explained
http://www.vox.com/2016/1/5/10716462/bundy-family-ammon-cliven-oregon-militia

Oregon standoff: What the armed group wants and why
http://edition.cnn.com/2016/01/04/us/oregon-wildlife-refuge-what-bundy-wants/

Burns Ranchers Distance Themselves From Militia Groups
http://www.opb.org/news/article/burns-ranchers-distance-themselves-from-militia-groups/

Bundy Ranch
https://www.facebook.com/bundyranch

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here