Ал-Нимр

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија денес го обвини Иран дека со нејзиното осудување на погубувањето на шиитскиот свештеник Нимр ал-Нимра“ го откри своето вистинско лице со подржување на тероризмот“.

Во соопштението на Министерството, кое официјално го пренесе Саудиската новинска агенција, Техеран е обвинет за “слепо секташтво“, пренесе АП.

“Со бранењето на терористичките акти“ Иран е “партнер во сите злосторства во целиот регион“, стои во соопштението.

Во меѓувреме врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи ја нападнал Саудиска Арабија два дена едно по друго за ред заради погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал-Нимра, велејќи дека политичарите од сунитското кралство ќе бидат “ соочени со боженска одмазда заради неговата смрт“.

“Неправедно е пролеаната крв на овој потчинет маченик без сомнение наскоро ќе ја покаже својата сила и боженска освета што ќе ги задеси саудиските политичари“, изјавил Хамнеи, извесутува државната телевизија. Тој ова погубивање го опишал како “политичка грешка“, пренесе Ројтерс.

Хамнеи на својот твитер профил ја поставил фотографијата на ал-Нимр каде дополнително напишал“ будењето не е задушено“.

Иранските власти приведиле 40 особи осомничени дека учествувале во нападите на Саудиската Амбасада во Техеран, објави АП.

Техеранскиот обвинител Абас Џафари Довлатабади изјавил дека во теке истрага како би се идентифукувале и останатите особи кои учествувале во инцидентот, пренесе иранската полудржавна агенција ИСНА.

Иранските демонстранти  рано упаднале во амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, гневни на тоа што Ријад го погубил истакнатиот шиитски свештеник Нимра ал-Нимр

Демонстрантите, кои во знак на протес се насобрале пред амбасадата, упаднале во зградата и започнале да пукаат, после што за кратко време полицијата ги оддалечила, јави иранската новинска агенција ИСНА.

На фотографиите кои се појавија на Твитер се гледаат делови од внатрешноста на саудиската амбасада во пламен и уништени делови од намештај, пренесува  Ројтерс.

Набрзо после нападот, иранското Министерство за надворешни работи издало соопштение во кое демонстрантите ги повикува на мир и почитување на дипломатските објекти, наведено е на новинарскиот веб сајт Entehab.

Шефот на техеранската полиција Хосеин Саџединија, на иранската агенција и изјавил дека одреден број на “уривачки елементи“ се приведени заради напад на амбасадата со петрол бомби и камења.

Од друга страна Иранската Револуционерна гарда се заканил со “тешка одмазда“ на саудиската кралска династија заради вчерашното погубување на Нимр, кого Ријад го смета за терорист, а кој во Иране е славен како заговорник на правата на маргинализираните шиитски малцинства во Саудиска Арабија.

Нимр, најгласен критичар на саудиската династија меѓу шиитското малцинство, важел за лидер на младите шиитски активисти кои повеќе не го толерираат неуспехот на старите, умерени лидери во постигнувањето на равноправноста со сунитското население.

Иако повеќето од 47 мажи, колку што беа погубени во најголемото масовно погубување во Саудиска Арабија во последните децении, го сочинувале сунити заради напади на Ал Каеда во ова кралство пред 10 години, случајот на Нимр и уште тројца шиити, кои се обвинети за вмешаност во пукање на полицијата, привлече големо внимание во регионот и пошироко.

Со овој чекор, по се изгледа закопани се сите надежи дека со појавувањето на заедничкиот непријател во обликот на таканаречената Исламска држав доведе до зближување меѓу водечките регионални сунитски и шиитски муслимански сили, кои подржуваат спротивни сгтрани во војните кои моментално беснеат во Сирија и Јемен, заклучува британската агенција.

 


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here