Турските воени операции против Курдите можат да го натераат на НАТО да тргне во војна со Русија, пишува “Политико“.
Турција предводена од Реџеп Таип Ердоган, според некои аналитичари останала како еден од најголемите “проблеми“ во кризата која трае, вклучувајќи ја и бегалската криза, пишува новинарот Мајкл Голдфарб.
Голфарб се осврнал на курдскиот град Шизре, каде турската влада спроведува операции против Рапотничката партија на Курдистан. Како тврди тој ова ситуација со Курдите, како и соборувањето на рускиот воен авион можат да ја доведат НАТО во војна со Русија.
“Зошто лидерите на ЕУ ги толерираат турските акции против оние кои се успешни во борбата против Исламската држава“, наведил новинарот.
Како што смета тој, тоа толерирање заедно со растот на Ердогановиот “авторитатизам“ ќе доведе до уште поголема нестабилност и опасаност во Сирија.
Извор: (B92)









