РИМ – Првиот договор на Ватикан со Палестина стапи на сила, соопштено е денес од Ватикан.
Овој договор потпишан е во јуни 2015 година, нешто повеќе од две години откако Римокатоличката црква ја призна Палестинската територија како суверена држава во фебруари 2013 година.
Договорот ги покрива активностите на Црквата на Светата земја под палестинска контрола, ама неговото значење се сотои во тоа што тоа е симбол на растечка меѓународна поддршка на палестинската држава, потсетува АФП.
“Со договорот се истакнува суштинскиот апсект на животот и активностите на Црквите во Палестина, притоа во исто време истакнувајќи ја подршката за мирно решение на судирите во овој регион по пат на преговори“, се наведува во соопштението од Ватикан.
Со него исто така се вклучуваат и одредбите чија цел е заштита на правата на христијаните и тој се гледа како модел за другите арапски и муслимански земји во нивните односи со христијанските малцинства кои се соочуваат со прогон на Блискиот исток.
Израел го осуди овој договор како преранет и контрапродуктивен во напорите Палестинците да се врат на директни преговори со Израел.
Каталочката црква има дипломатски односи со Израел од 1993 година, ама треба да вклучи договор за правата на христијаните во таа земја.










