Израел: Разговорите со Турција се одвиваат во позитивна насока

Израелскиот висок функционер Доре Голд истакна дека разговорите за нормализирање на турско-израелските односи се одвиваат во позитивна насока

Специјалниот претставник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и генерален директор во министерството за надворешни работи Доре Голд изјави дека се реализираан интензивни разговори со Турција.

Според израелскиот весник „Џерусалем Пост“ Доре Голд во интервју за саудискиот информативен интернет портал Елаф со седиште во Лондон истакнал дека постојат прашања за кои е постигнат компромис и за кои се уште се преговара, но додал дека работите се одвиваат во позитивна насока.

Велејќи дека поради случувањата до кои што доаѓа во регионот како што се економските, безбедносните и регионалните интереси се поклопуваат интересите на двете земји, Доре Голд рече: „Јас верувам дека компромисот не е далеку, меѓутоа не утврдивме одреден датум за постигнување конечен договор. Регионалната состојба не ни остава друга опција освен да постигнеме договор во однос на значајни прашања, така што нашите екипи работат на оваа основа.“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин вчера исто така уште еднаш нагласи дека за нормализирање на односите со Израел освен првиот услов извинувањето кое што беше исполнето, треба да бидат исполнети и другите два услови и тоа исплаќањето на отштета и укинувањето на блокадата врз Газа.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here