путинавганистан

Владата на рускиот претседател Владимир Путин во контакт е со талибаните во Авганистан, изјавил портпарол на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова. Ова “врска“ подразбира размена на информации во врска борбата против Исламската држава.

Меѓутоа, многумина овој потег го сметаат како ризичен бидејќи Путин се здружува со непријателот на својот непријател.

До недоамна не било дозволеноразмена на оружје со талибаните, меѓутоа, сега ситуацијата се промени, Исламската држава зајакнала на подраќјето на Авганистан и во последните неколку месеци таму се појавиле околу 3.000 нови екстремисти. Што никако не и одговара на Русија.

Интересите на Русија и Авганистан“објективно се поклопуваат“ со интересите на талибаните во борбата против ИД, изјавил претставник на Министерството за надворешни работи и спеццијален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан, Замир Кабулов.

Русија воспоставила свои канали за комуникација за размена на информации со талибаните, изјавил Кабулов, пренесла руската агенција Интерфакс.

Покрај тоа, официјална Москва подготвена е и со оружје да го снабдева Авганистан, ама тоа ќе го направи “внимателнбо и на комерцијална основа“, изјавил руски претставник.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here