Руската Федерална служба за безбедност упадна во четири Турски банки во Русија

by Administrator

руска фцб

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) упаднала во четири турски банки во Русија заради наводно перење на пари, пренесе турскиот весник Хуријет.

Весникот, повикувајќи се на извори, наведува дека екипи на ова служба, наследнички на КГБ, детално ги испитале сметките на банките, посебно трансакциите поврзани со турските компании,нведува агенцијата Џихан.

Турските банки за ова ситуација ги известиле своите централни власти, а руските истражители, како се тврди, не пронашле ништо против законско.

Економските односи на Турција и Русија значително се влошија откако Турција го собори рускиот авион на 24.ноември со образложение дека го нарушил турскиот воздушен простор.

 

You may also like

Leave a Comment