
Турски владини извори соопштија дека сеуште не е постигнат никаков договор
Агенцијата Ројтерс соопшти дека се нормализираат односите меѓу Турција и Израел, кои се пореметија по израелскиот напад врз бродот Мави Мармара во 2010 година.
Владини извори објавија воздржано соопштение и истакнаа дека сеуште не е постигнат никаков договор и дека преговорите продолжуваат да се одвиваат во поволна насока.
Според веста на агенцијата, наводно била постигната согласност меѓу Турција и Израел за подобрување на меѓусебните односи.
Агенцијата Ројтерс, веста ја заснова на информациите објавени во израелските медиуми и според истите, Израел ќе и исплати обесштетување на Турција,воедно и дека и амбасадорите на двете земји ќе започнат со должноста.
Претставник на Министерството за надворешни работи на Израел рече дека во последните денови дојде до зачестување на преговорите со Турција и дека се водат на високо ниво.
Претставници на Владата во Анкара потенцираа дека е точно тоа дека продолжуваат преговорите со Израел но дека засега не е постигнат било каков договор но дека и натаму преговорите продолжуваат во позитивна насока.
Ибрахим Калин, портпарол на кабинетот на претседателот Реџеп Тајип Едроган на едно прашање на 9 декември во врска со темата одговори дека продолжуваат преговорите за нормализирање на политичките односи меѓу Турција и Израел и дека Израел треба да фрли одредени чекори напред во врска со исплатата на обесштетувањето за нападот врз бродот Мави марамара и укинувањето на ембаргото врз појасот Газа.
Потсекретарот на Министерството за надворешни работи на Израел Доре Голд пак во интервјуто за печатот на 14 декември рече дека Израел посакува стабилни односи со Турција и дека постојано ги истражуваат можностите за остварување на оваа цел.
izvor>trt