barzanierdogan

Бевар Ханси, економски советник на курдската автономна покраина во Ирак, во изјава за ТВ Алсумариа изјавил дека неговата влада ќе започне со испорака на гас на Турција до крајот на 2016 година. “Владата на ирачкиот Курдистан планира на Турција да и ипрати гас до крајот на 2016 година. Ќе извезува 10 милијарди кубни метри гас годишно во Европа  преку Турција“, изјавил тој.

Според изјавата на Нанси, се проценува дека Курдистан во Ирак моментално раполага со 45 милијарди кубни метри гас. Меѓутоа според изјавите на претставниц на владата, резервите на гас можат да достигнат и до 5,7 трилион кубни метри. Тој исто така изјавил дека владата има намера да изгради гасовод до Азија преку Иран, а меѓу останатите проекти ќе се најде и изградбат на три нови нафтени рафинерии.

После соборувањето на Садам Хусеин, владата на Ирачкиот Курдистан ја презеде контролата над нафтените полиња кои ги експлоатираат странски мултинационални корпорации меѓу кои има и туски. Според истражувањата на БП, (Бритиш Петрол) нафтените резерви можат да достигнар и до 45 милијарди барели, што претставува третина од вкупните резерви на Ирак. Во текот на јули, ирачкиот Курдистан започна со извоз на нафта мимо централната ирачка влада.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here