Бранот на револуции кои под името Арапска пролет започна на 2010 година во Тунис, а потоа  исти транзициски процеси покрена и во другите арапски земји предизвика немири кои до крајот на 2014 година нанесоа материјална штета од 833,7 милијарди долари во овие земји.

Група на експерти на Форумот за Арапска стратегија, чие седиште е до Дубаи, го објави извештајот под наслов “ Цената на Арапската пролет“ во кое се наведува дека во текот на настаните во арапските земји зафати со бранот на револуциите од 2010 до 2014 година предизвикана е материјална штета  поголема од 833,7 милијарди долари.

Проценката на штетата изработена е земајќи ги во предвид  девет-те ставки, вклучувајќи го намалувањето на БДП, туризмот, берзите, директните странски ивестиции, бегалската криза и обновата на давастираната инфраструктура.

Укажувајќи дека Арапската пролет донела дестабилизација и терористички напади во регионот, експерти во извештајот наведуваат дека таа ситуација  предизвикала намалување на бројот на туристи за 103,4 милиони.

Исто така се наведува дека во судирите и терористичките напади во споменатиот период во арапските земји загинале или ранети се најмалку 1,34 милиони луѓе.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here