poland-troops

Со влегувањето на Црна Гора НАТО ќе го преземе приматот на Балканот. Од земјите кои остануваат надвор од Алијансата, единствено Србија не сака да стане члебка“, пишува “Економист“.

Кога на Црна Гора на 2.декември и беше упатена покана да стане 29 членка на овој воен сојуз, Москва реагираше луто, свесна дека со тоа нејзиното влијание значително ќе се намали.

“Деценија и пол од завршувањето на војната во Косово, Русија и НАТО продолжуваат да се борат за влијание на западниот Балкан. Иако Црно Горската војска е мала, нејзиното членство е значајно, бидејќи со тоа НАТО после Хрватска и Албанија го зазема и тој дел од Јадранскиот брег.

Со влегувањето на Црна Гора, остануваат уште четири земји кои не се дел од Алијансата. Македонија е блокирана заради спорот со Грација околу името, а Босна и Херцеговина внатрешните поделби. Официјално Косово нема војска, ама таму безбедноста од 1999 година ја гарантираат НАТО трупите. Така во стрварност преостанува уште Србија, каде Алијансата не е популарна заради бомбардирањето во 1999 година“, пишува весникот.

“Економист“ отценува дека Србија се претставува како земја која е на половина пат помеѓу Русија и НАТО, ама и дека тоа е далеку од вистината:

“Србија во јануари го потпиша ИПАП  договорот за највисок степен на соработка со НАТО за земјите кои не се членки. Од 2006 година нејзините војници учествуваат во далеку поголема бројка на вежбите со членките на НАТО, отколку со Русија, а ЕУ претставува доминантен трговски партнер на Србија. Русија и понатаму ја ужива популарноста меѓу Србите и Црногорците, ама балканските влади на полето на безбедноста секогаш ќе го избираат Западот.“, заклучува “Економист“

Ања Филимонова, уредничка на Фондот за стратешка култура од Москва, ја изнела тезата дека САД и НАТО во намера да ја потиснат Русија од регионот работаат на “ голема Албанија“.

– Населението од северот на Косово мора да биде одстрането како би силите на САД и НАТО стигнале до Копаоник, главна висинска кота (точка) во регионот, а тоа ќе им овозможи да ја контролираат не само Србија туку и целото пошироко подрачје – изјавила таа.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here