Политички опоненти повикуваат на уривање на режимот на Сиси

by Administrator

сиси

Група на политички опоненти на владејачките структури во Египет го повикаа народот на уривање режимот на претседателот Абдел Фетах ес-Сиси, на неколку недели пред означувањето на пет годишнината од народното востание преку кое од власт беше соборен Хосни Мубарак.

Паралелно со повиците на социјалните мрежи, опозицијата ги повика граѓаните на 25.јануари да ги започнат уличните протести – на годишницата од востанието против Мубарак. Во соопштението стои дека “моменталните немири во регионот укажуваат дека против нашата нација се води голем заговор“.

Египет во општествени превирања е од 2013 година, кога од власт, по пат преку државен удар кој го изведоа воени структури,  соборен беше демократски избраниот претседател на ова земја – Мухаммед Мурси. На позицијата претседател на државата Мурси поминал нецела една година.
Од тогаш тргнала и потерата на египетскиот воен режим на сите негови опоненти. Преку стотици луѓе се убиени, илјадници приведени,  а некои заолниште побарале во странство. Според извештаите на здруженијата за заштита на човековите права, повеќе од 40 илјади луѓе биле лишени од слобода во последните две години.

 

You may also like

Leave a Comment