трамп

Голем трговски ланец на Блискиот исток ги отфрли сите производи на Доналд Трамп, откако републиканскиот кандидат во борбата за претседател на САД изнесе противмуслимански зиави и коментари.

Иако значи за како еден од најголемите тајкуни на пазарот за недвижности, Трамп  повеќето пари ги заработува со лиценцирање на своето име на голф терените, изградба луксузни хотели и производите од линијата “Trump Home” која вклучува ламби, огледала и кутии за драгоцености, пишува Trust.

Трамп во понеделникот повика на забрана за влегување на муслимани во САД што предизвика критика ширум светот. Компанијата Ландмарк во чија сопственост се наоѓаат 190 продавници во Африка, Пакистан и на Блискиот исток, излезе со соопштение дека заради таквите изјави на Трам одлучила да ги прекине (суспендира) сите производи од овк тајкун и од рафтовите да ги повлечат неговите производи.

“Во светло на неодамнешните изјави на претседателскиот кандидат на американските медиуми, ние ја суспендиравме продажбата на сите производи од асортиманот на Trump Home décor,”, напишал извршниот директор на ова групација Сахин Мундхва во соопштението за јавноста.

Доналд Трамп, Блискиот исток го идентифицирал како голем пазар за ширење на својот бизнис. Неговата ќерка Ивана во мајот изјавила дека разгледуваат многу “ бројни работи кои тешко можат да се одбијат“ во тој регион. Еден од “главните приоритети“ на Трамп биле инвестициите во Абу Даби, Катар и Саудиска Арабија.

Меѓутоа сепак нај критичен бил еден од поранешните партнери на Трамп, милијардерот Khalaf al-Habtoor, од Дубаи, за Ројтерс изјавил дека тој ги уништил сите свои изгледи за успешна соработка во овој регион, и ова е веќе негов крај на неговиот бизнис во овој регион, и тоа веќе од овој момент слободно можад и со 100% да потврдам дека откажувањето на соработката и на остантите Арапски веќе е најавена, и овиј простор г-динот Трамп слободно може да го заборави.

“Тој во стварност создава војна“ Тој создава омраза меѓу муслиманите и христијаните“, изјавил Khalaf al-Habtoor кој веднаш се откажал од изградбата на Trump International Hotela & Towera во Дубаи.

“Муслиманите инвестираа стотици милијарди долари во Америка, создавајќи работа за Американците. Тие можат да инвестираат и на други места“, додал тој.

Според анализите на соопштениета објавени од страна на голем број на Арапски компании, овој тајкун( Трамп) по се изгледа ќе мора само на сон да го сонува Блискиот исток, или пак соработката со било која друга арапска компанија надвор од територијата на Блискиот исток, завршил Khalaf al-Habtoor.

(The Bosnia Times)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here