
Турција заради вложувањето на ситуацијата на границата со Сирија започнала преговори со произведувачот на противвиздушните системи “Eurosam”, како би што побргу распоредила ракетни комплекси на турско -сириската граница, нведува Спутник.
После пропаднатите преговори со Кина, Турција започна преговори со европската компанија “Eurosam”, пренесуваат турските медиуми.
Како што се потврдува, доколку европската компанија се согласи на Турција да и понуди технологија за производство на противвоздушни системи SAMP/T, “Eurosam” од истиот момент ќе ги размести веќе постоечките батерии по должината на сириско-турската граница на локациите кои ќе ги одреди генерал штабот на Турција.
Турција претходно соопшти дека го откажала тендерот со Кина за производство на компоненти за турскиот систем за противвоздушна одбрана во вредност од 3,4 милијарди долари.
Кина на тој тендер победила нудејќи и на Анкара технологија, како и дел од производството на ПВО системите реализира во Турција.
Како причина за поништување на тендерот се наведува застојот во преговорите за конкретните услови на договорот со Кина, и дека Пекинг не ги задоволил барањата на Анкара, иако медиумите пишуваа за тоа дека одлуката за набавка на кинеските ПВО го разочарала Вашингтон и предизвикала критика од страна на НАТО партнерите, наведува Спутник.
Извор:(Tanjug)