ердоган

Претседателот на Турската Реџеп Таип Ердоган денес во текот на посетата на Катар изјавил дека Турција води многу сеопфатна борба против теористичката организација ИСИС.

“Во врска со борбата против ИСИС, во светот ниту една земја не води сеопфатна борба како Турција, и која веќе покажува со резултати. Додека некои под изговор во борба против ИСИС, во Сирија спроведуваат сопствени активности, Турција сепак одбра да го заземе местото покрај потчинетите браќа и под цена да биде исложена на напади на напади од ова терорристичка организација“, истакнал Ердоган.

При обраќањето на церемонијата на Универзитетот во Катар, каде му е доделена тирулата почесен доктор, Ердоган истакнал дека многу е жално за целото човештво заради постоњето на распостранетата верска и етничка дискриминација спрема бегалците во поедини делови на светот.

“После ставовите кои се многу исклучителни и навредливи спрема бегалците, многу е жалосно  за целото човештво да види дека постои многу распространета верска и етничка дискриминација. Слушаме како некои зборуваат да им испратат немуслимани, или само квалификувани особи, а никако неквалификувани. Турција воопшто не прави таква разлика. Ние примивме и муслимани, ама и немуслимани. Зошто? Затоа што нашата цел е да бидеме и останеме како луѓе. Исто така, да се спореди тероризмот со една вера најмногу му користи на самите терористи“, истакнал турскиот претседател.
На крајот тој нагласил дека за завршување на војната во Сирија потребно е што побргу да се постигне политичко решение.
“Од самиот почеток на кризата во Сирија зборувавме , а и понатаму истото го зборуваме, дека последиците од ова криза ќе се почуствуваат и на поширокото подрачје. Сё додека со политичка промена не се пронајде решение за ова криза, не може да се реши проблемот со бегалците“, изјавил Ердоган.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here