Турција е овластена и има право да го затвори каналот на сите странски воени бродови во војна или кога има состојба на агресија. Значи Турција е во ВОЈНА! Ако НАТО би ја бранел Турција тој би бил соучесник.

Во исто време, меѓу бродовите од Црното Море и Средоземното море се наоѓа мала група на бродови под руско знаме, кои само седат и чекаат, пренесува infowars.com
Освет тоа, на рутата за пловење во Црното море од насока на Новоросиск и Севастопољ во насока на Босфор, ниту еден руски брод не се движи. Тоа со сигурност ја потврдува изјавата на СНН дека Турција може да го блокира движењето на руските бродови на Дарданелите и каналот Босфор.
Постои меѓународен договор кој посебно го покрива користењето на овие морски патишта спрема сите народи на светот. Тој договор е познат како Montreux Конвенција за режимот на каналот.
Сликата подолу ја прикажува ситуацијата со бродовите на каналот кои користат ЏПС транспондер на своите пловила:

Договорот е потпишан во 1936 година и тој на Турција и дава право на контрола над каналот на Босфор и Дарданелите како и регулирање на транзитот на поморските воени бродови. Конвенцијата на Турција и дава целосна контрола над каналот и гарантира слободен премин на цивилни пловила во мир.
Договорот го ограничува минувањето-преминот на бродовите кои не припаѓаат на државите на Црното Море.
Договорот потпишан е на 20.јули 1936 во Montreux Палатата во Швајцарија, му дозволува на Турција ремилилитаризација на каналот. Тој стапил во сила на 9 ноември 1936 годинаи бил регистриран во Лигата на народите на декември 1936 година. Тој сеуште е на сила и ден денес, само со некои измени.
Конвенцијата се сотои од 29 членови, четири прилози и еден протокол. Членовите 2-7 пропишуваат преминување на трговски бродови.
Членовите 8-22 во обзир го земаат преминувањето на воените бродови. Клучен принцип на слободата на преминување и пловидба наведена е во членовите 1 и2.
Членот 1. пропишува дека “ Високи договорни странки признаваат и го потврдуваат начелото на слободата на минување и пловидба по морето во случај на невоља“
Членот 2. наведува: Во време на мир, трговските бродови мораат да имаат целосна слобода на минување и пловидба низ каналот, дење и ноќе, под било кое знаме со било кој вид на товар“.
Меѓународната комисија во врска со ова конвенција е укината, одобрувајчи го целосното продолжување на турската воена контрола над каналот и рефортикацијата на Дарданелите. Турција е овластена да го затвори каналот на сите странски воени бродови во војна или во време на агресија. Освен тоа, Турција била овластена и да го одбие транзитот на трговските бродови кои припаѓаат на земји кои се во војна со Турција.
Турција сега ја покажа својата моќ, ама јавно не изјавила дали тие ги блокираат руските воени и трговски бродови, бидејќи на Турција и се “заканува агресија“. Неодамна Турција собори воен авион во Сирија и тоа предизвика голем јаз помеѓу двата народи.
Ова на најнов акт на блокирање на руските воени бродови претставува огромен и застрашувачки опасен развој на затегнатоста. Со блокирањето на Русија и спречувањето на нивните врноморски флоти да патуваат во остатокот на светот, и назад во матичното пристаниште, исто така претставува нешто што не им се допаѓа на Русите.
Рускиот претседател Владимир Путин наредил распоредување на 150.000 руски војници и опрема во Сирија, меѓутоа сепак тој наредил и распоредување на 7.000 дополнителни руски војници, тенкови,ракетни фрлачи и топови, на руската граница на Турција во Арменија, со налог дека мораат да бидат ’целосно подготвени за борба’.
ВАЖНО Е ДА СЕ НАПОМЕНАТ ДВЕ РАБОТИ:
1) Турција е членка на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) како што е САД и поголемиот дел од Европа.
2) Турција прва пикала на Русија која “намерно“ го собори рускиот авион минатата недела.
Важно е да се запаметат овие факти, бидејќи како членка на НАТО, Турција може да се повика на членот 5. на договорот со НАТО кој бара сите членки на НАТО да дојдат во одбрана, ако Турција биде “нападната“.
Значи, ако Русија се одлучи да возврати со напад против Турција со уривање на нејзин воен авион, Турците тогаш би можеле да го повикаат НАТО и потврдат дека се нападнати и од тука НАТО силите би кренале во војна против Русија.
Како ќе се одвиваат работите сепак сеуште ништо со точност не се знае, ама едно е сигурно дека работите постојано се менуваат на лошо и тоа со доста тензии,особено на кампањите кои Русија ги започна против Турција, а сепак не вродуваат со плод, бидејќи Арапскиот свет започна со кампања за подршка на Турција во однос на економското поле, околу купувањето односно увозот на турските производи во своите земји и со тоа ублажи или целосно ослободи Турција ид зависноста на тоа дали Руските компании ќе продолжат со увезување на турски производи или не.
Turkey has no legal, economic basis to close bosphorus for Russian shipshttps://t.co/hJ0ORt4wAo pic.twitter.com/1Scydjeb2f
— Sputnik (@SputnikInt) November 27, 2015









