
-Канцеларката Меркел во својата канцеларија во Берлин се сретнала со Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, а после сотанокот на заедничка конференција за новинари истакнала дека двете земји како и секогаш така и сега продолжуваат со продлабочување на добрите меѓусебни односи, и дека сите три милиони Турци во Германија претставуваат по еден жив мост на пријателството помеѓу двете земји.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека лично со бројни членови на кабинетот, че учествува на протестната прошетка која муслиманските организации во Берлин ја најавија за утре ( 27.11.2015), во знак на протест против терористичките напади во Париз и порастот на расизмот и исламофобијата во Европа, јавува Анадолија Агенцијата (АА).
Нагласувајќи дека со нејзиното доаѓање на власт Германија работеше на изградување на услови за турците во Германија, особено тоа може особено да се прикаже преку влегувањето на Турчинот Ајдан Озгуз во владата како министер за прашања на бегалците, и тоа претставува најдобар показатеч за германското општество и неговото функционирање. Меркел исто така истакнала дека денешната средба со Давутоглу била конструктивна.
Коментирајќи ги утрешните протести кои во Берлин ги организира Турската заедница и Исламскиот совет, Меркел истакнала дека тие протести ќе бидат мирни како симбол на заедништвото. Таа понатаму му се обратила и на германскиот претседател Јоаким Гаук.
“Разговаравме за политичката ситуација во Турција, за слободата на медиумите и изразувањето. Согласни сме за значењето на напредокот на Турција по прашањето на верските слободи. Посебно разговаравме за борбата против тероризмот. турција е сосед со Ирак и Сирија, па таа од тука е и на директен удар на ИСИС“, изјавила Меркел.
“Турција е наш партнер во борбата против тероризмот. Понекогаш имаме мали разминувања во гледиштата, ама во борбата цврсто стоиме раме до раме “, порачала Меркел.
На прашање на новинар, дали германските муслимани треба да се плашат од актуелните антиисламски протести во Дрезден и другите градови, Меркел потсетила на зборовите на поранешниот претседател на Германија Кристијан Вулф, кој рекол дека муслиманите се составен деч од Германија, и додала дека и самата таа го дели тој став и дека ќе направи сё за да ја подржи интеграцијата на муслиманите во германија и општеството.









