
Иран, Русија – Иранскиот претседател Хасан Рохани, турското соборување на рускиот авион го окарактеризирал како многу опасна работа, додека шефот на исранската дипломатија Мухамед Џевад Зариф го изразил своето вознемирување и негодување заради она што се случило. Тој истакнал дека тквата постапка на Турција претставува вовед во закомплицирање на сириската криза и јасна порака за терористичките организации во Сирија.
Либанските весници ел-Ахбар ја пренесоа изјавата на претседателот на Иран, кој на седницата на владата остро ја нападна Турција истакнувајќи дека “ истрелање на ракета и соборување на туѓи авиони не е никаква игра“.
Тој уште истакнал дека тоа е опасен чекор, покрај тоа уште поопасен, што според неговите зборови, се одиграл во “воздушниот простор“ на Сирија. Наводно, Иран поседува информации дека рускиот авион се наоѓал во сирискиот воздушен простор.
Тој ја предупредил Турција дека би требало сериозно да пристапи кон овој проблем, бидејќи ситуацијата е деликатна.“Русија и Турција се наши соседни земји и ние сакаме соседите да живеат во мир“