чавушоглчу

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу го коментирал барањето на рускиот претседател Владимир Путин дека Турција треба да и се извини на Русија заради соборувањето на рискиот авион кој го повредил турскиот воздушен простор, тој порачал дека нема потреба од извинување кога Турција е во право, и порачал дека правилата на ангажманот во такви прекршувања се прецизни, јавува Анадолија Агенцијата (АА)

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу после неодамнешното формирање на 64-та Влада на Турската Република, претстојува во официјална посета на Тирската репувлика Северен Кипар, каде се сретнал со тамошниот претседател Мустафа Акинчи.

Чавушоглу на заедничката конференција за новинари истакнал дека во текот на средбата со претставници на Северен Кипар разговар за интензивирање на билатералните односи на соработка како и за актуелниот процес во решавањето на кипарското прашање.

Тој исто така порачал дека владејаќката Партија на правдата и развојот (АК Парти) и понатаму ќе биде најгласна во подршката и решавањето на кипарското прашање. Тој додал дека не смее да се прокоцка актуелната можност кипарскиот спор трајно да се реши во интерес и со согласност на двете страни.

Чавушоглу во својата прилика најавил дека и турскиот премиер во првата официјална посета во новиот мандат во вторник ќе допатува во Турската Република Северен Кипар.

Ние не сакаме подигнување на тензиите помеѓу Турција и Русија-

На прашањето дали случајот на соборувањето на рускиот авион би можел негативно да влијае на процесот на кипарските преговори. Чавушоглу исто така истакнал дека не треба да се дозволи решавањето на кипарското прашање да биде условувано или загрозувано со било кои други настани, вклучувајќи го и споменатиот настан.

– Ние не сакаме да предизвикаме подигнување на тензии со Русија. Русија не е било каков сосед со Турција, туку сосед со кој имаме специјални политички и економски односи“, истакнал Чавушоглу.

Притоа потсетувајќи дека Турција не се согласи со Западот на Русија да и воведе санкции, без оглед на чувствителноста на прашањето на анаксијата на Крим, Чавушоглу изјавил дека Русија го прекршува турскиот воздушен простор во рамките на воздушните операции во Сирија.

“Руските авиони турскиот воздушен простор го нарушија и на 3 и 4 октомври. Нашите правила на ангажман на заштита на просторот и границите се прецизни и познати. На тоа на почетокот на октомври го предупредивме целиот свет. Нашиот претседател тоа му го пренесе и на својот колега Путин по пат на телефонски разговор. Последен пат тоа го повторивме и на самитот на лидерите Г20 во Анталија. Случајот од 24 ноември кога нашите радари регистрираа два неидентификувани воени авиони како доаѓаат кон нашата граница сите нё растажи. Во рок од пет минути десет пати беа предупредени. Не беше познат идентитетот на авионот, а исто такви има и сирискиот режим. Нашите авиони тоа го видео како закана, а веќе се познати и правилата за постапување во такви ситуации. За жал еден од авионите не ја смени насоката на движење и покраја предупредувањето и го повреди нашиот простор заради што беше соборен“, појаснил Чавушоглу.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here