
По повод терористичките напади во Париз, на Фејсбук повторно е актуелизиран еден натпис, кој оригинално е објавен пред повеќе од 40 години, а во него е говорот на поранешниот претседател на Југославија Јоспи Броз Тито во кој повикува на мир, ама исто така дава и рецепт како да се искорени тероризмот.
Тито изразел несложување со акцијата на германските командоси во 1972 година во масакрот врз изрелските спортисти за време на Олимписките игри во Минхен од страна на палестинските револуционери изјавувајќи дека можело многу подобро да се дејствува во тој случај. Тогаш беа убиени 11 Израелци и два Германци, а поранешниот Југословански лидер наведил видови на терор кои се случуваат и ден денес ширум планетата.
– Вие инаку знаете каква е ситуацијата. На Блискиот исток работите дојдоа во ќорсокак. Видовте што се случи во Германија на Олимписките игри во Минхен. Убиени се 11 израелски спортисти. Загинаа двајца Германци… Заради тоа веќе можеа да подигнат авиони и бомбардираат жени и деца во Либан и Сирија. Јас лично, како и целиот наш народ, апсолутно сум против она што командосите го направија во Минхен. Дали тие беа свесно или несвесно орудие на нечие орудие, не знам. А ние сме против теророт воопшто. Ама, дајте малку да се размисли – какви сё терори има.
Што е со оној терор кога секојдневно се фрлаат иллјадници и илјадници тони експлозив, кога со бомбите се урива и убива сё живо. Дали тоа е терор? Тоа е најлош терор, нека сега се извлечи поука од она што се случи во Минхен, па барем еднаш низ Обединетите Нации, да се направи нешто со што тероризмот во светските размери повеќе не би можел да се појавува. А тоа може да се оствари…
Тоа што сега Израел го прави, не го прави сам, тој има подршка од надвор. Заради тоа е многу опасно. И тој терористички предизвик во Минхен имаат една многу страотна намера: целата омраза на човештвото, да се сврти кон Арапите. Малтене требало сите Арапи да се ликвидираат. Се разбира, ние мора да се бориме против тоа целата вина сега да се фрли врз тие народи, на цели земји, – изјавил Тито во Приједор.
Со самиот говор, Тито дал и еден вид на рецепт како да се санира моменталната ситуација со тероризмот, иако овој претставник овие зборови ги изговорил пред 40 години.










