Муслиманите во Европа неспокојни по крвавите напади во Парис

Сите имами од странско потекло кои ја разгоруваа омразата, под итно ќе бидат протерани од Франција

Муслиманите во Европа, особено во Франција неспокојни по крвавите напади во Парис.

Франција која важи за една од најголемите европски земји кои брои муслиманска популација, по крвавите терористички напади се наоѓа пред тежок испит во врска со социјалниот мир.

Муслиманите во Франција и другите европски земји се во големо исчекување какви се промени ќе направат Владите по повод нападите во врска со муслиманите и бегалците.

Расте загриженоста дека постои можност за зајакнување на екстремно-десничарските и движењата против исламот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бербар Казенев рече дека започнаа иницијатива за затворање на одговорните кои преку џамиите вршеле повик за омраза и непријателство.

Премиерот Мануел Валс во претходната изјава за печатот рече дека сите имами од странско потекло кои ја разгоруваа омразата, под итно ќе бидат протерани од земјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here