Писмото во детали зборува за монументалниот период на доцниот живот на овој активист – поточно времето на неговиот аџилак во Мека 1964 година, една година пред да биде извршен атентат врз него во Њујорк 1965 гоидна
Откриено е писмот пишувано од страна на Malcolm X од 1964 година, опишувајќи го во него расизмот од тоа време како “ незилечлива рак рана“ која ја мачи Америка.
Продавач на историски ракописи и писма од Лос Анџелес воедно и сопственик на порталот “Momentsintime”, добил шест страници од писмо, кое наводно го напишал активистот за човекови права. Писмото е дадено на лицитација во неделата и тоа со неверојатна цена од 1,25 милиони долари.
Гери Зимет, претседател и сопственик на компанијата и нејзиниот портал “Momentsintime”, дибил писмо од непозната адреса. Писмото е пронајдено во складиште, во еден ормар во Бронкс во Њујорк.
“Писмото е инзвонредно“, изјавил Гери Зимет. “ Сеуште не сум гио продал, ама сум сигурен дека тоа е само прашање на време“.
Писмото во детали зборува за монументалниот период на доцниот живот на овој активист – поточно времето на неговиот аџилак во Мека 1964 година, една година пред да биде извршен атентат врз него во Њујорк 1965 година.
На почетокот од писмото Malcolm X го опишува своето искуство од хаџот како “ најважен настан во животот на сите муслимани“, каде понатаму објаснува зошто неговото искуство од хаџот било толку интересно.
Исто така во писмото Malcolm X предлага решение за американската расна дилема. Текстот на писмото посебно е важно за читање од призмата на денешново време, во моментиве кога Америка сеуште се бори со расизмот. Malcolm X пишува вака;
“ Ако американските белци прифатат ислам, ако можат да го прифатат верувањето во еден Бог (tewhid) тогаш искрено би можеле да го прифатат и единството на луѓето, понатаму тие треба да престанат да ги делат другите спрема нивната боја на кожата“. И денеска додека расизмот во Америка се шири како неизлечлива рак рана, секој Американец кој свесно размислува, лекот би требало да го побара во исламот како веќе докажано решение за проблемот на расната дилема.

Американскиот црнец не би требало да биде виновен за својот расен “анимозитет“ бидејќи тоа му е само раеакција или одбрамбен механизам кој се наоѓа во подсвеста на неговиот интелект заради тоа принуден е така да реагира на расизмот кој свесно го практикуваат американските белци ( расизам покренат против црнците во Америка)
Меѓутоа, американската лида оспесија со расизмот ја води Америка на пат кон самоубиство и сё поблиска провалија, на пат кон само дно, па заради тоа верувам дека помладите генерации на белци, на колеџите и универзитетите, сё помалку ќе сеи ја понижуваат интелигенцијата и во исламот увидат духовен спас и натераат своите најблиски генерации да им се придружат“.
Во врска легитимноста на ова писмо, Захер Али, историчар кој работел како раководител на проектот на Malcolm X на Универзитетот Колумбија, вели дека ова писмо со голема веројатност е напишано од страна на Malcolm X.
“На основа сето она што го видов, ракописот , текстот, засега не можам со 100% да потврдам, ама ова писмо го напишал Malcolm X“, изјавил за весникот The Huffington Post.“ Содржината е доследна, ова не е ништо вообичаено. Malcolm X беше многу плодоносен“.
Захер Али објаснил дека хаџот имал големо влијание врз Malcolm X и дека често испраќал писма како начин за пренесување на неговите пораки.
Меѓутоа тој смета дека ова писмо не би трбало да излезе на продажба. “ Мислам дека не може да биде одредена цена на едно вакво писмо“, објаснил тој.
“Иако ова претставува негова лична преписка, сепак неговата намера била пораката да биде достапна за јавноста“.
Без оглед на тоа, Али верува дека во пораката на ова писмо која е упатена до сите раси и религии, таа посебно е добредојдена особено денес во ова врема во кое живееме.
Izvor:NSP










