САДАМ

Бесењето на Садам Хусеин во 6 часот наутро на 30 декември 2006 година е јасна порака до муслиманите ширум светот што ќе ги очекува.

Тоа утро на Курбан Бајрам,важен и горд ден за секој муслиман ширум светот. Толку важен така да не постои поважен ден од него.

Ден за дарување на послабите и вербата во милостивиот Ден кога се опростува и кога се обврзуваат оние кои се во лоши односи, да се смират. Светол ден, така да не постои поважен кај муслиманите.

Клањав Бајрам намаз во нашата маала, и по враќањето дома прво ја бакнувам мојата мајка. Се гледам со моите пријатели, роднини. Не е како порано.

“Го обесија Садам Хусеин“ ми вели мајками, која никогаш не се разбирала и зборувала за политика. Седнавме, и веќе кафето е тука и го гледаме тој крвав подарок кој му го направија- приредија  на сите муслимани на светот. Тоа го гледам за Бајрам, го бесат човекот  кој ги зборува последните зборови:

“не сум виновен Ešhedu en laa ilahe…”

Грозно, жално, и тоа токму на бајрам.

Колку е виновен и колку добар, господ ќе суди, ама едно е сигурно, таквото убивање, казнување да се пушти на медиумите ширум светот за време на празникот бајрам претставува ЗЛОЧИН.

Сите молчат Саудиска Арабија, Египет, Сирија, Либија, Тунис, Иран, Сомалија, Јордан, Мароко, ама баш сите молчат каде мнозинството се муслимани.

Срамотно молчење е тоа.

Со Садам Хусеин убиени се и неговите синови Удај и Касај. Лозата им ја сотреа.

Проклетството кое потоа се случи е нормален чекор кон поголемо ЗЛО кое го зафати подрачјето каде се наоѓаат муслиманите.

Свирепото убиство на Муамер Гадафи со своето поколение јасно е дека некој сака да сотре ДОЛГ… Да ДОЛГ.

Колку западот е должен на земјите кои се нападнати никој од нас не знае, ама сигурно е секој знае, или би требало да знае, дека тука не е пречка исламот, туку профитот.

Кога располагаш со онолку информации колку што ги имаш и се обидуваш да ја разбереш светската реалност тогаш многу е јасно кој е ИСИЛ.

ИСИЛ е новиот наметнат владетел-господар  на нафтата, кој ќе соработува најпрво со Западот пред сё со САД и отпочне нови извозни дејности, а притоа оние долгови во висина на милијарди и билиони се бришат.

Мртвата уста не зборува, заради тоа се убиени Садам Хусеин со членовите на своето семејство исто како и Моамер Гадафи.
Листата за одстрел на семејството на Гадафи не личи на демократија, туку на повампирен поход на западот..

Жалосна е денес демократијата кога во борба за човекови права ширум светот укажува само папата Фрањо кого повеќе го сакаат  потчинетите  отколку самите католици

Сето етоа е борба за профит и борба за нафта.

ИСИЛ е ЗЛО на западот, кога тоа не го видоа она во Ирак, Сирија, Либија чии домови и семејства се уништени, тешко дека тоа ќе го видат оние обичните во топлите домови на западните земји.

И вие таму, и оние таму далеку се од верата и премногу далеку.

Никогаш ниту едно зло не се победило со поголемо зло, па така на системите на Садам, Гадафи,Асад и други кои биле во тоа време, не може да се замени со најлошото зло на ИСИЛ кое го инсталира западот..

Во 6 часот наутро на 30 декември 2006 година секој кој е муслиман треба да се засрами спрема она што му го направи западот.. Срамното молчење…

Да сме здрави и живи, и видеме каде ќе завршат ,лошите шеици кои се расфрлаат со златните јахти, додека во Сомалија, Етиопија и другите земји во опкружувањето умираат по 200.000 илјади деца од глад и жед.

Можеби сјајот на Мека и Медина со накинѓурените (накитени) елементи на злато и раскош, не е овосветско добро, додека другите умираат заради капка вода.

Можеби ИСЛАМОТ е далеку посилен од нив, таму каде што нема раскош ама има страв од алчност и овојсветскиот раскош.

Можеби сите ние кои веруваме би требало да ја слушаме верата на својата душа и своите родители и дедовци, верата на добриот ИСЛАМ кој нё сочувал и кој ни дава сила.

Межеби истокот поеднакво е отровен како и западот.

Можеби и едните и другите јурат кон власт и богатство..

Светското првенство во фудбал ќе се игра во Катар на фудбалски стадиони со клима уреди. Тоа сеуште никаде го нема и нема да го има за долго.

Стативите ќе бидат позлатени….МОЖЕБИ СТЕКНАТИ СО РАБОТА И СОПСТВЕТАНАТА ПОТ.., така им овозможил западот, токму како и тоа да преку 200.000 илјади деца умираат од глад и жед само во три Африкански земји каде мнозинството се муслимани…

Извор:saznajemo/dubai-portal

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here