германија

Германија сега е речиси на работ на анархија и блиску граѓанска војна или созфавање на бабана-република и безвластие, вели Hansjerg Miler од партијата  Алтернативна Германија.

Претставник на покраината Баварија, Питер Драјер, ја повика канцеларката Ангела Меркел лично да и каже дека неговиот град Landshut лично ќе прими само 1.800 бегалци, па дури и ако Германија прими милиони бегалци. Тој изјавил дека сите други бегалци ќе ги испрати со автобус во нејзината канцеларија во Берлин.

Драјер е окружен претседател на градот Landshut, кој се наоѓа во близина на Минхен, Hansjerg Miler смета дека тој навистина би можел да го исполни своето ветување бидејќи “ Германија сё повеќе се лизга кон анархија“ и бидејќи “делата во овој момент имаат поголема сила одколку законите“.

Можно е у заканите како оваа да влијае на политиката на Меркел. “Германија  денес е на ивицата на анархија и близу граѓанска војна, или сосздавање на банана-ребуплика и безвластие. Се надевам дека тие закани како оваа ќе влијаат на политиката на Меркел, ама не сеум убеден“, изјавил Милер.

nemacka

Милер исто така рекол дека очекува и другите региони (покраини) како Баварија да реагираат на ваков начин и дека Баварија е само прва која тоа го направила. “ Баварија е прва бидејќи се наоѓа на границата со Австрија од каде доаѓаат бегалците. Следни ќе бидат Саксонија и Турингија, бидејќи се граничат со Чешка, ама и заради тоа што народот на Источна Германија знае како е да се живее во диктатура. Тие сфаќаат дека нашата таканеречена демократија сё повеќе станува  тоталитаризам“.

Милер истакнал дека бројката од 1.800 бегалци во однос на милион изгледа многу мал, ама дека треба да се земе во оглед дека градот Landshut има само 50.000 жители и дека заради тоа е мал град за да прими 2.000 бегалци.

 

Извор: Webtribun

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here