ВИЕНА – Учесниците на преговорите во Виена се договориле за формирање на преодна влада во Сирија во наредните месеци, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамер.
Учесниците во разговорите во Виена сакаат да постигнат прекинување на судирите во Сирија во наредните денели.
“Учесниците во сириските разговори сакаат да постигнат национално и регионално помирување во наредните недели“, ги пренесува агенцијата зборовите на германскиот министер.
Освен тоа, според зборовите на Штајнмаер, министрите се договориле да работаат на зачувување на единството во Сирија и нејзиното секуларно уредување.
Во четвртокот во Виена се одржа состанок на шефовите на дипломатиите Русија, САД, Саудиска Арабија и Турција за решавање на кризата во Сирија. Вчера на ова “четворка“ на иницијатива на руските претставници, им се придружиле уште неколку земји кои можат да дадат свој допринос во нормализацијата на ситуацијат, вклучувајќи ги регионалните играчи како што се “ Египет, Иран,Ирак,и Либан“.
Министрите се договориле за ширењето на воената кампања во Сирија, изјавил после состанокот државниот секретар на САД Џон Кери.
“Усвоивме следен пристап на овој проблем.Одлучивме да ја интензивираме својата воена кампања, како и даги превземеме сите дипломатски чекори како би го решиле овок конфликт“, изјавил тој на прес -конференцијата.
Кери додал дека “ заради тоа денес претседателот на САД Барак Обама донел одлука за проширување на воената операција во Сирија“.
“Одлучивме да испратиме помал контигент на војска во северниот дел на Сирија“,наведил тој.
Кери истакнал дека преговарачоте повторно ќе се сретнат за две недели и дека ќе продолжат со преговорите за кризата во Сирија.
Се сложуваат дека не се слагаат околу Асад.
Американскиот државен секретар Џон Кери денес изјавил дека се “сложува дека не се сложува“ со колегите од Иран и Русија по прашањето на судбината на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Кери, после разговорите во Виена за пронаоѓање на политичко решение за војната која четири години се води во Сирија, изјавил дека Вашингтон и понатаму верува дека со заминувањето на Асад од власта би се олеснал процесот за изнаоѓање на решение за судирите во Сирија и дека тоа би помогнало во борбата против исламската држава.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и иранскиот колега Михамед Џавад Зариф, не се сложуваат, признал Кери, ама истакнал дека тројцата ќе продолжат во заедничко барање на политичкото решение.
И Лавров потврдил дека во Виена не е постигнат договор околу Асад.
Лавров нагласил дека верува дека за “ судбината на Асад треба да одлучи сирискиот народ“ и дека се надева на компромис за завршување на четиригодишната војна, пренесува Ројтерс.
Лавров. Да не му се дозволи на терористите да ја преземат власта во земјата.
Шефот на руската дипломарија Сергеј Лавров, во продолжение од средбата изјавил дека на терористите не смее да им се дозволи да ја преземат власта во земјата.
Тој додал дека овој негов став го делат сите 19 учесници на преговорите во Виена, пренесува Russia Today.
Во продолжение истакнал дека примирјето не се однесува на екстремисти на ИД и другите терористи, како и тоа дека на одвоена средба ќе биде составена сеопфатната листа на терористички групи кои дејствуваат во Сирија.
“Договорена е работа-активност за нов Устав на Сирија, на одржување на избори во организација на ОН и насоката на постигнување на мир“, истакнал Лавров.
Синирлиоглу: Со Асад не е можен мир во Сирија.
Заеднички став на повеќето земји учеснички на состанокот за решавање на сириската криза во Виена е тоа дека мирот во Сирија не е можен за едно со актуелниот претседател на ова земја Башар ал-Асад, изјавил министерот за надворешни работи на Турција Феридун Синирлиоглу,кој исто така присуствувал на состанокот, пренесува АА.
Синирлиоглу во изјава за новинарите веднаш после средбата порачал дека денес во Виена е одржан состанок со најголем број на учесници кога во прашање е Сирија, што како што рекол тој зборува за неговата важност.
Понатаму нагласил дека и понатаму траат несложувањата околу основните прашања, односно дека сеуште не е забележана било каква измена во ставовите на земјите кои го подржуваат на Асад.
“Во наредните двее недели преговорите ќе бидат продолжени. Она за што ние и повеќето други земји се сложивме на овој сотанок е тоа дека мирот во Сирија не е можен заедно со Асад и тоа во целост е јасно“, изјавил Синирлиоглу.
Фабијус: Напредок, ама без целосна согласност
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус после сотанокот изјавил дека учесниците постигнале напредок по некои прашања, ама нема целосно сложување.
“Постигнавме напредок по некои прашања, а тоа се ; изборите, идниот Устав на Сирија и транзитниот политички процес, ама нема апсолутен договор“, изјавил тоја, додавајчо дека новиот состанок во истиот состав ќе биде одржан за 15 дена.
“Асад не може да биде дел од идниот политички проект на Сирија“, надополнил Фабијус.
Завојуваните страни повикани на примирје.
САД, Русија, Иран, Турција и 14 други земји денес ги повикаа завојуваните страни на целата територија на Сирија, во која четири години се води војна, граѓанска војна, на примирје и обновување на преговорите под покровителство на ОН помеѓу владата и опозицијата, како и нови избори.
Во заедничко соопштение учесниците на состанокот истакнуваат дека “ и понатаму постојат значајн и разлики“ ама и сложување околу тоа дека нужно е под итно да се забрза процесот на дипломатските напори да се сопре војната, пренесува Ројтерс.
Тие исто така соопштиле дека од ОН бараат да ги повика на средба представниците на сириската влада и опозицијата како би се покренал нов “ политички процес кој би водел кон кредибилна, инклузивна, и несекташка управа, после што би следувал нов устав и избори“.










