путин-ердоган
Претседтаелот на Турција Реџеп Таип Ердоган во вчерашна интервју, дал изјава дека помеѓу Москва и Анкара постојат различни мислења за сирискиот проблем, меѓутоа тоа не може да се отцени како конфликт.
“Помеѓу нашите земји постојат договори за економска и стратешка соработја кои ние ги почитуваме. Меѓу нас може да има и некои одредени несогласувања, меѓуто тоа не може да се отцени како конфликт. На пример, ние  можеме да не им дозволиме да го користат нашиот воздушен простор. Од друга страна тие треба да ја почитуваат нашата одлука. Заради тоа Русија одбра други воздушшни простори за реализација на своите планови“, изјавил претседателот Ердоган за “Канал 24“.
Тој изјавил дека му ја пренел пораката на рускиот претседател Владимир Путин за своето несогласување за Воената операција на Руските сили во Сирија и додал дека преговорите за сириската криза продолжуваат на ниво на шефови на дипломатии на земји, вклучувајќи ја Русија и Турција.
“Турција бара мир во Сирија. Меѓутоа истиот не може да се постигне со Асад. Таму треба да се формира преодна влада. Токму тоа еи тема на денешните разговори“, изјавил Ердоган.
Според неговите зборови, борбата против меѓународниот тероризам ќе биде една од темите на самитот на лидери на земјите на Г20 кој во ноември ќе се одржи во Анталија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here