Моменталната бегалска криза во Европа претставува настан кој Западот однапред го испланира како би се извршила депопулација на Сирија, изјавил Џулијан Асанж, оснивачот на Wikileaks.
Тој тврди дека со прегледување на дипломатските преписки (допишувања) дошол до заклучок дека Западот спроведува стратешка депопулација на Сирија како би ја намалил нејзината борбена способност, известува “Rt.com”
Асанж истакнал дека повеќето од средната класа бега од Сирија бидејќи таа поседува образование, вештини, има пари и бројни врски, додека инќинерите, менаџерите и државните службеници остануваат во државата како би власста функционирала.
Сирискиот народ се охрабрува да побегне од државата со убедување дека Германија и Турција ќе примаат голем број на бегалци, на тој начин ослабнувајќи фо режимот на државата. Сирија не е единствен случај во кој миграцијата е искористена како оружје во неодамнешната историја. Исто како што Шведска за време на војната во Ирак наведе дека ќе прими голем број на бегалци од Ирак.
Асанж додал дека голема страмота е што САД не примаат сириски бегалци бидејќи токму Вашингтон е одговорен за тоа што Европа затвара граница до граница пред налетот на неколку стотици илјади бегалци. “ Тоа по сё е политика на САД, Велика Британија, Франција и нивните регионални сојузници Катар, Турција, Јордан, Израел и Саудиска Арабија на Блискиот исток“, изјавил Асанж.
Докиментите кои веќе се објавени на Wikileaks докажуваат дека САД планирале соборување на сириската власт уште во 2006 година, рекол Асанж.
“Уште тогаш Американците сакале да создадат тензии помеѓу сунитите и шиитите и да ги сопрат странските вложувања во Сирија оснивајќи тајно невладини организации кои ќе прават нереди, а сё со помош на Саудиска Арабија и Египет“, изјавил тој.
Во меѓувреме, обидите на Асад да се избори против тероризмот и ширењето на Исламската држава представувани се како доказ на слабост на владата..

Асанж истакнал дека луѓето во Америка нема што да добијат од конфликтот во Сирија, туку само одредени фракции како ЦИА веруваат дека ќе имаат некаква корист од сето тоа на крајот.
“Со мешањето во Сирија, Вашингтон сакал да го ослабне и Хезболах како би им овозможил на Израелците да ја приграбат (присвојат) Голанската Висоравнина, ама и да го уништи Иран и единствената руска база надвор од Советскиот сојуз кој се наоѓа во сириското пристаниште Тартус.
Вашингтон исто така сака да создади и услови за изградба на цевовод од Катар и Саудиска Арабија преку Сирија до Европа, како би се створила алтернатива на рускиот гас, наведил Асанж.
Мешањето на САД доведе до крвав конфликт кој трае од 2011 година и во кој настрадаа преку 220.000 луѓе според проценките на ОН.
Русија кон крајот на септември покрена воздушни напади против терористите во Сирија на барање на претседателот Башар ал-Асад, овозможувајќи им на владините сили да покренат офанзива на терористичките групи и свртат текот на конфликтот.










