katar vojska

Ако Катар, Турција и Саудиска Арабија влезат во судирите во  Сирија, тоа би можело да предизвика Трета светска војна, вака размислуваат одредени аналитичари.

Ваквото влегување од страна на овие три земји би му помогнало напредување на Ослободителната сириска војска и се разбира и на ИД, сакајќи или не.

Министерот за надворешни работи на Катар, Халид Ал Атија изјави дека неговата земја е подготвена за одлучувачка интервенција во Сирија. Катар активно ги подржува борците кои се борат против режимот на Асад, меѓутоа таквите групи кои се борат против Асад се споменуваат: Џабат ан Нусра, ИД, Ал Каеда и талибаните.

Од друга страна и представници на Турција и Саудиска Арабија изразија намера да се вклучат во судирите во Сирија. Руската Сириската, и Иранската војска остварија значителен напредок во борбата против ИД и сириската опозиција. Според првичните неофицијалн и извори, како резултат на заедничката операција досега биле ослободени пет градови југозападно од градот Алеп. Целта на колаицијата е да ги одстрани “терористите“ од градовите Алепо и Хама, како и покраината Латакија. Во тој случај, би се прекинал синѓирот преку кој Исламската Држава, и другите групи кои  себорат против режимот на Асад да “добиваат“ помош преку турската граница.

Меѓутоа, ако Ријад, Доха, и Анкара, а се најавуваат и Емиратите, овозможат воена помош на групите кои се борат против Асад, не изоставајќи го и влегувањето во Сирија , тоа би можело значителнио да ја продолжи војната и да предизвика голем број на жртви, и несакани последици. Заради тоа  Руската федерација според неофицијални извори веќе некое време се обидува преку дипломатски канали да ги убеди овие земји да не ги помагаат организациите кои се борат против Асад, притоа потенцирајќи и на помошта која му ја “даваат“ и на Исламската Држава.

Катар веќе започна од пред неколку денови да увезува огромни количини на оружје, и како што е најевено од претставници на ова држава, без оглед и на тоа дали Турција и Саудиска Арабија ќе влезат во Сирија, тие најавиле дека само се чека моменто кога и официјално ќе го потврдат нивноти влегување во Сирија, како помош на Сирискиот народ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here