
Нова глобална мрежа на Еврејски организации од 16 земји се здружија како би го истакнале својот став по прашањето на израелско-палестинските судири. Станува збор за организации од земји како што се Бразил, Австралија, Швајцарија, Јужнаафриканската Република и другу..
Во нивната порака тие повикуваат на прекинување на насилствата, а израелската окупација на палестинските територии ги нарекуваат илегални.
“ Како група на Евреи од сите делови на светот веруваме дека итни промени мора да дојдат од страна на израелската Влада и израелскиот народ. На Евреите од целиот свет задача име да извршат притисок врз израелските власти – оние кои нив ги следат и подржуваат нивните зборови и дела, и бараат промена на пристапот.
Военото прогонување мора веднаш да прекине. На Палестинците мора да им се даде потполна слобода на движење. Понатаму, Еврејскиот народ од целиот свет има одговорност да бара од земјите во кои живеат веднаш да ја прекинат економската и воената помош на израелската окупација на Палестина и израелската опсада на Појасот Газа“, се наведува во нивната порака.









