нуман

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш по синоќешната седница на Владата истакна дека терористичкиот напад во Анкара не е едноставна терористичка акција и дека во позадината се наоѓаат други сили

Продолжуваат активностите на експертите за утврдување на идентитетот на извршителите на терористичкиот напад пред железничката станица во Анкара во саботата во кој животот го загубија 97 лица, а стотици лица беа повредени.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш по синоќешната седница на Владата истакна дека терористичкиот напад во Анкара не е едноставна терористичка акција и дека во позадината се наоѓаат други сили.

Велејќи дека е дојдено при крај во активностите за утврдување на индетитетот на двајцата самоубиствени напаѓачи, Куртулмуш привлече внимание кон тоа дека терористички напади се доживуваат со надминување на безбедносните мерки дури и на места кои што се најдобро обезбедувани од страна на разузнавачките служби.

Нуман Куртулмуш рече: „Тероризмот не се состои само од самоубиствениот напаѓач кој ја носи бомбата и ја активира. Соочени сме со терористички напад во чија позадина стојат други сили, една па дури и повеќе земји.“

Истакнувајќи дека Владата ќе ги фрли потребните чекори за доделување плати на семејствата на загинатите и за поддршка на повредените во терористичкиот напад, Куртулмуш напомена дека оваа голема болка ќе биде надмината заеднички со здрав разум.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Се соочуваме со една тешка слика. Оние од чија страна е експлозирана оваа бомба не испланираа кукавички напад само врз организаторите на митингот, туку овој напад го извршија врз целиот народ. Терористичката организација се обиде да посее семе на раздор меѓу луѓето. Го повикувам целиот народ да биде буден. Оваа тага е тага на сите нас. Тогаш кога луѓето ги споделуваат своите таги се обединуваат. Јас велам дека целиот народ треба да ја сподели оваа тага. Приморени сме да формираме заеднички фронт против тероризмот. Затоа приморени сме да го формираме блокот на мирот и братството и единството.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here