post image
Остаток од авион кој асодржи голем број на костури (скелети) како и нацртано малезиско знаме пронајден е на еден зафрлен дел на филипински остров, а според првите информации бо можело да станува збор за исчезнатиот авион на летот MH370 Malaysia Airlines, пишува Дејли Мејл.

Полицијата потврдила дека е пријавено пронаоѓање на остаток на авион во џунгла на оддалечениот остров Сугбаи. Аудиот техничарот Џамил Омар пронајдениот остаток го пријавил на полицијата откако неговата вујна, Сити Кајам наишла на овие остатоци додека ловела птици. Жената дури и се качила на остатокот од авионот и во внатрешноста забележала голем број на костури. Исто така пронашла и малезиско знаме.

Според првите информации ова навистино би можело да биде летот на MH370 Malaysia Airlines кој исчезна во март минатата година со 239 патници и членови на екипажот.

Полицијата сеуште е резервирана спрема целиот случај, и не сака ништо да потврди, поготово кога ќе се земе во предвид дека француски власти претходно потврдија дека еден дел од авион е пронајден на мало островче Ле Реунион на западот на Индискиот океан, а со оглед на тоа дека помеѓу двете локации има голема оддалечност, тешко е да се каже дека станува збор за делови на ист авион.

Сепак, полицијата не ја отфрла ниту било која една можност. Исто така дел од крило пронајдено на Ла Реунион токму можело претходно да се скршило и да било причина за паѓање на авионот.

Сите досегашни истраги за исчезнатиот авион се покажале како безнадежни, а многу набрзина би требало да дознаеме дали на филипинскиот остров навистина се остатоците од малезискиот авион или нешто друго.

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here