апсење

Судовите во Исланд осудија уште тројца банкари, вклучувајќи ги и извршните идректори на три најголеми државни банки.

Сигурјон Арнасон, поранешен директор на пропадната банка Landsbanki,, потоа Елин Сигфусдотир, директорка на служба за издавање на кредити и Штајндор Ганарсон, поранешен директор на трговијата со обврзници (акции), на 8.октомври осудени се на затворска казна од страна на Врховниот суд на Исланд.

Арнасон е осуден на 3,5 години додека Сигфусдирова осудена е на 18 месеци заради вмешаност во матни работи и манипулација со пазар.

Третиот банкар, Штајндор Ганарсон, осуден е на 9 месеци затвор.

Поранешни извршни директори на банките Glitnir, Kaupthing и Landsbanki исландски банки кои поседувале 10 пати повеќе средства отколку државната економија, обвинети се после финансиски колапс.

Тимот на специјалниот обвинител покрена 12 криминални истраги за илегално банкарство после масовните протести кои довеле до соборување на десничарската влада во Исланд.

Олафур Хауксон, кој бил специјален обвинител во текот на овие истраги, за Ројтерс изјавил дека како одговор на Исланд на кризата ги повикал на испитување и одговорност вработени на високи функции во секторот за финансиски услуги.

“Жосто да дозволиме, на одреден дел од општеството да не се примен уваат закони и дел од друштвото да не сносува одговорност. Опасно е да постои некој против кого не можете да покренете истрага“, изјавил Хауксон.

Исланд е единствена земја која на ваков начин одговори на ваков начин.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here