Рускиот претседател Владимир Путин терористичкиот напад во Анкара го отцени како обид за дестабилизација на состојбата како и провокација заради претстојните избори во Турција.
Тој, истовремено, повика да се обединат напорите во борбата против тероризмот.
“Неопходно е да се обединат напорите во борба со ова зло. Тоа што се случи во Турција претставува дрзок напад на терористите, злосторство кое однесе многу човечки животи. Тоа е обид да се дестабилизира состојбата во нашата пријателска земја Турција. Имајќи во предвид дека ова се случува во време на изборна кампања. Во прашање е очигледна провокација“, изјавил Путин.
Рускиот претседател исто така изразил сочувство на турскиот народ и претседателот на Турција заради терористичкиот напад во Анкара, каде загинаа 86 луѓе, а преку 180 се ранети.
Ruski predsjednik je takođe izjavio saučešće turskom narodu i predsjedniku Turske zbog terorističkog napada u Ankari, gde je poginulo 86 ljudi, a preko 180 je ranjeno.









