
Катарскиот министер за надворешни работи, Калед ал-Атијах, изјавил дека Русија во својот план за борба против тероризмот не ја “адресирала темелната причина за кризата во Сирија“, а тоа според него е сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Во интервју за Ројтерс тој исто така реко дека е време заливските земји да започнат “сериозен дијалог“ со Иран во однос прашањето на нормализација на односите. Меѓутоа, што се однесува на борбата против ИСИЛ. Катар е една од трите регионални сили ( заедно со Турција и Саудиска Арабија) кои од почетокот на војната во Сирија, ја подржуваат сириската опозиција.
“Никој не може да ја отфрли поканата на господинот Путин во алијансата против тероризмот, ама… мораме да дејствуваме на причината за ваквата состојба. Ние цврсто веруваме дека сирискиот режим, пред сё Башар ал-Асад, претставува главна причина за ваквата ситуација во Сирија“, изјавил Атијах.








