орбан миловановиќ

После завчерашната изјава на високите хрватски претставници дека Хрватска топло ќе ги угости, а потоа и она на премиерот Зоран Милановиќ дека на бегалците ќе им биде дозволено да поминат низ Хрватска и продолжат својот пат кон Западна Европа, било потребно да се почекаат само неколку часови како би од Хрватска добиле спротивна изјава на претходно дадените.

Европската Унија не губела време, па vо текот на ноќта веќе им испратила “патчиња“ на хрватските политичари заради лакомислените и само донесени  изјави, и веќе го дочекавме утрото со сознание дека Хрватска нема да дозволи бегалците да го продолжат патот кон центарот на империјата.

Министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјавил дека бегалците ќе мора да бараат азил во Хрватска, додавјќи дека властите обезбедиле преминување до прифатилиштата во околина на Загреб.

За кратко премиерот, промрморел нешто за “ ограничените средства“ на Хрватска, дека во текот на ноќта хрватските власти би можеле да ги затворат сите гранични премини со Србија.

Ни Хрватска ниту Унгарија не се финална (крајна) дестинација на бегалците, па се чини нелогично зошто двете држави ги затвараат сопствените граници. Двете држави со влегувањето во ЕУ се деиндустријализирани, економски опустошени и доведени во состојба на должничко ропство, и дека немаат потреба за страв од множни добродошлици, меѓутоа  на марионестките режими на двете држави наредено име да го сопрат дотокот на бегалци во Западна Европа.

Подршката на ваквите потези хрватските и унгарските власти ја наоѓаат во националистичките обоени маси, кои наивно, сеуште веруваат дека “нивните граници“ се само нивни.

Од друга страна, европскиот моден слоган “Бегалци добре дојдовте“, изгледа како невкусна шега, со оглед на тоа дека во пракса Европа привремено го укинува Шенгенот, воведува погранични контроли, запира возови на линии кон Балканот, нечовечко третирање на бегалците, како и изјавата на претседателот на Франција Франсоа Олан кој  предупредува на можност од трајно укинување на Шенгенот.

Од секогаш ни било јасно дека европските вредности се  изградени на конкретен,акумулациски капитал, профит, колонијализам, империјализам и расизам, меѓутоа за жал, на масите изложени на медиумскиот диктат на либерализмот, му било потребно тоа да го покаже во пракса.

Од тука, немојте да дозволите да се излажете кога  така наречените “Европјани“ се повикуваат на хуманитаризам и нивните вредности, кои народите на Африка, Азија и Латинска Америка најдоброги почувствуваа на својата кожа, а изјавата на Милановиќ, Орбан и останатите локални кнезови не земајте ги за сериозно, бидејќи нивниот степен на автономија при донесување на значајни политички одлуки е голем како и оној кај воените хунти, поставени од страна на САД во африканските земји.

Српската влада тука ја одигра најпрогресивната улога, мора да признаеме. Не заради тоа, дека божем се водени од хуманистички принципи, туку се разбира, од проста економска пресметка и интерес.

Меѓутоа, вистински херои се одредени граѓани на Македонија и Србија, кои се солидаризираат со потчинетите и маргинализирани ширум светот, што е повеќе од јасно, знак дека во “судирот на цивилиации“, односно конфронтацијата на Третиот и Првиот свет, перифериите и центрите, потчинетите, Империјата никогаш не може да смета на нас.

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here