aksa1

Случувањата претставуваат одраз на затегнатоста која трае од ноември 2014 година наваму

Ова не е прво влегување на израелските војници со чизми во џамијата Кибла во Ал Акса во Ерусалим, која се смета за прва кибла на муслиманите.

Како што ова не е прв притисок врз Палестинците доброволци кои со држење на врата и чување на дворот се обидуваа да го спречат влезот на израелските војници во џамијата Ал Акса, израелските војници со денови интервенираат со звучни бомби, солзавец и пластични куршуми врз палестинските доброволци кои одржаа демонстрираа против влегувањето на еврејските доселеници во Ал Акса. Во рамките на интервенцијата на израелските војници беа повредени голем број лица меѓу жени и новинари. По повод случувањата во Ал Акса, Израел го зголеми бројот на полицијата во Ерусалим.

aksa2

По нападите на израелските војници во текот на изминатите три месеци врз џамијата Ал Акса, изјавата на премиерот Нетанјаху по безбедносниот состанок привлече големо внимание. Нетанјаху во изјавата рече дека се решителни во продолжувањето на актуелната ситуација во Ал Акса и дека нема да дозволат да се спречи посетат на Евреите кои што сакаат да ги посетат овие простори.

Во однос на некои прашања ќе фрлиме порешителни чекори, рече Нетанјаху, потенцирајќи дека издал наредба за одржување уште еден безбедносен состанок во текот на идната недела.

aksa3

Случувањата кои што беа доживеани во текот на неделава во суштина претставуваат одраз на затегнатоста која трае од ноември 2014 година наваму.

Израелските војници во ноември 2014 година извршија упад во џамијата Ал Акса и напад со гасни бомби и пластични куршуми врз Палестинците. Израелските војници кои од 1967 година наваму првпат влегоа во Ал Акса и ја оштетија џамијата, со чизми ги прегазија теписите на храмот. Во рамките на нападот, примероците на светата муслинакса книга Курани Керим беа фрлени на под, а исто така беше нанесена материјална штета на вратата и прозорците на храмот. Дел од теписите беа опожарени од звучните бомби кои што беа фрлени од страна на израелските војници. Првиот прекршок на Ал Акса беше извршен на 21 август 1969 година од страна на австралискиот радикалец Денис Мајкл Рохан кој го изгоре михработ (олтар) и илјадагодишниот минбер (говорница на оџата во џамијата) на џамијата Кибла. Прекршоците кои беа остварени потоа се следни:

Во рамките на Првата интифада на Палестина која траеше од декември 1987 до 1993 година кога беше потпишан Договорот во Осло, израелската полиција во 1990 година уби 21Палестинец кои учествуваа во демонстрациите.

Поранешниот израелски премиер Ариел Шарон во 2000 година влезе во Ал Акса кога започна Втопрата интифада и траеше се до 2007 година. Во судирите кои избувнаа по посетата на Шарон, загинаа 25, а над 700 лица беа повредени.

aksa4

Покрај тоа што влезот на сите странци во Ал Акса беше забранет од стана на фондацијата Акса, Израел оваа одлука од 2003 година наваму едногласно ја укина и на доселениците и туристите од вратата Магарибе им дозволи да влезат во Ал Акса.

Лани, кон крајот на октомври во вооружениот напад во кој беше повреден еден рабин од страна во Западен Ерусалим, Израел соопшти дека ги затворил портите на Ал Акса за сите муслимани се до издавање на втора наредба. Според тоа ниту на туристит ниту пак на Евресјките доселеници не им беше дозволено да влезат во Акса. Од израелската окупација во 1967 година до денес, првпат по 24 часовно затворање на Акса дојде до напади и судири во Ерусалим. Израелските војници извршија упад во Акса и напад на Палестинците со гасни бомби и пластични куршуми.

Израел, под изговор дека под џамиите Кибла и Кубетул Сахра, се наоѓаат остатоците на храмот на Соломон, сака да го окупира и музејот, медресето и големиот двор под комплексот Ал Акса.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here