Она за што сведочевме во Европа, особено во Унгарија, е срамотно и нѐ враќа во Средниот век предупредила европската пратеничка  Тања Фајон вво денешното обраќање на пленарната седница на Европскиот парламент во Брисел.

“Унгарскиот премиер Орбан, со непочитувањето на бегалците, не го гази само нивното, туку и моето и нашето човечко достоинство. Затварањето на границата, казните и заканувањата над очајните луѓе претставува и закана на сите кои веруваат во солидарниоста и хуманоста. Со најновата најава дека ќе изградат зид и на границата со Хрватска и Романија, во средината на Унијата, го најави конечниот слом на европските вредности“, предупредила Фајон.

Ова европска пратеничка пото прашала: “ Како дозволивме да се случи такво нешто?“

Таа наведила дека се расправа за прераспределбата на 120 илјади дополнителни бегалци, додека во последните пет години меѓународна заштита побарале 12 милиони Сиријци.

“Доколку европските земји веднаш се договореа за поделбата на товарот, немаше да ома шокантни сцени. Ние би имале време и енергија да се насочиме кон спроведувањето на активностите во воените зони за создавање на стабилност и мир. Со затварањето на постоечките рути, бегалците ќе бараат нови. Сакам да свртам внимание на големата опасност од мински полиња во Хрватска и БиХ. Нужно е да се овозможи помош за Македонија и Србија, со брзо формирање на ‘hotspot’  центри“, нагласила Фајон.

Таа изразила задоволство на тоа што во Словенија повеќе од 70% од населението се противи на изградба на зид или било каква ограда на границата со Хрватска, која токму се соочува со бран на бегалци од територијата на Србија, и дека им смета нетолерантниот став спрема бегалците.

Извор:(Anadolu Agency)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here