турска војска

Турција уште еднаш го изрази остро своето противеење и осуди нападот на израелските сили за безбедност вов комплексот на џамијата Ал Акса во Источен Ерусалим.

Секој обид на упаѓање и окупација на џамијата ал-Акса претставува играње со оган. Израел во овој момент се игра со оган“, изјавил портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин, на пресс конференцијата во Анкара.

Очевидзи за Агенцијата Анадолија изјавил дека израелските сили користеле солзавец, шок гранати и гумени куршуми во нападите на верниците собрани околу џамиите ал-Акса и ал-Кибали

Калин потврдил дека израелската влада сака да одвои одредени делови од комплексот кој припаѓа на џамијата ал-Акса. “На тој начин сака да ги легитимизира упадите на еврејските доселеници екстремисти“.

Калин наостро го осудил тоа што израелските војници со својата “валкана чизма“газеле  на “чисто“ толо на џамијата ал-Акса и нејзините килими.

За сите муслимани на светот, ал-Акса е трето место по важност на светот. Евреите овој локалитет го сметаат за “Храм на брегот“ тврдејќи дека на тоа место некогаш се наоѓале еврејски храмови.

 

Некои екстремни еврејски групи повикуваат на уривање на џамијата ал-Акса, каде на тоа место потоа би подигнале еврејски храм.

Контраверзниот израелски политичар Ариел Шарон во септември 2000 година го посетил комплексот Ал-Акса, што предизвика голема побуна и “Друга Интифада“ – народно востание против израелската окупација, во која погинаа над илјада Палестинци.

Израел го окупира Источен Ерусалим во текот на Блиско источната војна во 1967 година. Градот ввво 1980 година во целост е анектиран, како престолнина на самопрогласената еврејска држава, чекор кој никогаш не е признат од меѓународната заедница.

Извор: (AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here