
Падот на цената на нафтата, после одлуката на саудиска Арабија за го заштити својот пазарен удел, ќе се одрази на производителите како оние во САД кои вадат нафта од шкрлици.
Заради тоа наредната година ќе уследи најголем пад на производството во последните речиси четврт векови, соопшти денес Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА)
Берзата на нафта во минатите година и пол била под влијание на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), предводени од Саудиска Арабија, да го сочува своето влијание и му се спротивстави на производителите на нафта од шкрили, кои би ја наламиле зависноста на САД од увозната нафта, и тоа би можело да ја промени глобалната динамика.
Високите цени на нафта од преку 100 долари за барел во 2013 година му овозможи на американските производители од шкрилци, да применат скапи технологии за експлоатација на недостапна нафта, што му овозможи зголемување на залихите во САД, кои се најголеми светски потрошувачи на нафта.
Меѓутоа , бидејќи Саудиска Арабија и партнерите од ОПЕК одбиле да го намалат производството, цените на сиривата нафта паднаа од преку 100 долари за барел на најниско ниво за последните шест години.
Нафтената индустрија, спорд тврдењето на ИЕА, започнува меѓутоа да реагира на ниски цени на нафтата низ намалување на производството.
Американското производство на нафта веројатно ќе го поднесе товарот од падот на цената. После рекордниот рас на производството од 1,7 милиони барели дневвно во 2014 година, најновиот пад на цената на нафтата веројатно ќе го спречи растот на производството во САД“, се заклучува во извештајот.








