путин

Претседателот на Руската федерација Владимир Путин и прв човек на евроазискиот блок, денес го потпиша законот со кој се воспоставува нова финансиска рамка на работење, а кој овозможува Русија и уште пет членки на Евроазискиот Економски Сојуз во меѓусебните трансакции не користат доларот и еврото.

Станува збор за единствен финансиски систем на земји на Царинска Унија, односно Сојуз на незвисни држави ( СНД). т.е држави од поранешниот советски простор.

Со ова ќе се предизвика целосен крах на финансискиот ситем на САД и Европската Унија, отценуваат аналитичари, а веќе некое време се вршат прогнози дека таков чекор направен од страна на Русија и Кина би довел до целосен колапс на економијата на евроатлантскиот блок.

Белорусија, Казахстан,Ерманија, Киргизија,и Таџикистан, како членки на СНД, меѓусебно во финансиските и економски работи (трговија) нема да го користат доларот и валутите, штом овој закон стапи на сила, пишува украинскиот весник Obozrevatel.

На Државната Дума Путин ова го ставил на гласање, односно, ратификација на Договорот кој уредува нови одредби на финансиско работење помеѓу споменатите држави.

Исто така, како што наведува весникот Komersant се смета дека заради привилегиите кои ќе ги уживаат споменатите држави со јакнењето на макроекономскиот систем, ќе биде забрзан и чекорот во процесот на евроазиските интеграции.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here