54

И покрај фактот дека на ѐе поголемиот број на луѓе на светот им е јасно дела американската политика на инсистирање на “смена на режимот“ во Дамаск, една од главните причини за крвавата војна во Сирија која веќе влезе во својата пет-та година, и зад себе остави стотици мртви, САД изгледа не помислува на промена на таа политика па руди и во време кога сите главни сијузници на сирискиот претседател Асад, вклучувајќи го и него самиот, веќе се согласија на формирање на транзициска Влада.
Од американскиот Стејт Департмент сега порачуваат дека заминувањето на Асад не се нужно само за “добробит на нацијата“, туку и за борбата против екстремистите. “Оставката на Асад претставува важен дел за борбата против “Исламската држава“, порачаа вчера од САД.
Изјавата доаѓа на само неколку часови откако специјалниот пратеник на САД за Сирија, Мајкл Ратнеј, пристигнал во Москва на консултации со руски претставници.
“Асад со својата бруталност и репресија покажа како го изгуби целиот легитимитет, и заради тоа мора да си замине во рамките на правата политичка транзиција се наведува во изјавата“.
Изгледа како САД да се плашат од прецепцијата на било какво попуштање пред Русите за време на посетата на Ратнеј на Москва, па сега уште еднаш ја повторува приказната за “губењето на легитимитетот“, пренесува порталот Advance.
I