post image
ЕУ би можела да го забрза приемот на нови земји заради сѐ поголемото влијание на Русија на одредени кандидати, пишува “Економист“. Овој весник укажува дека после посетата на Балканот од страна на германската канцеларка Ангела Меркел биле потпишани низа од договори со кои од мртва точка е покренат процесот на приклучување на нови идни членки.
Како што му било соопштено на овој весник од страна на министерот за интеграции на Косово Беким Чолаку, една пд причините зошто ЕУ би можела да побрза со решаввањето на ова прашање е порастот на симпатиите кон Русија од страна на одредени Балкански земји, па и самиот Балкан.
Иако проширувањето предизвикува незадоволство кај земјите членки на Европската Унија, чекањето “скапо ќе ги кошта“.

Од ввремето на завршување на војните на Балканот 1999 година, најактуелно останува прашањето како и кога земјите од овој регион ќе влезат во ЕУ. Во 2004 година на Европската Унија и се приклучи Словенија, а во 2013 година Хрватска. Останатите држави Албанија,БиХ, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово – се „сопнаа “ на патот кон европското семејство во различни етапи (фази).

“Економист“ укажува дека Европа е загрижена, помеѓу останатото заради учетсвото на Србија во руските воени вежби. Извор меѓу евопската дипломатија изјавил за “Економист“ дека одлучувачката улога по ова прашање ја има Германија. Весникот ова го нарекува “Берлински процес“.

Дипломатот укажува дека напредок посебно е забележан откако Ангела Меркел во јули ја посети Албанија, БиХ и Србија. Пред еден месе донесен бил и договор кој се однесува на проблемот на регионот. На пример, српските општини на Косово добија повеќе права. ЕУ успеа да издејствува вонредни избори во Македонија. Освен тоа, променат е и ставот на политиката на ЕУ со која беше блокирано пристапувањето на БиХ во Европската Унија.

Исто така и САД се обидува да го зајакне своето влијание на Балканот од чии проблеми после 1999 година постепено се дистанцираа. Весникот твврди дека американските чиновници одиграле клучна улога во притисокот на Косово да донесе закон за формирање на суд за воени злосторства, а помогнале и за постигнување на договор за избори во Македонија.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here