begalski kamp

Информациите за егзодусот на луѓето од земјите разорени со војни ги преплавија насловните страни на медиумите во Европа. На момент се чини дека цел Блиски Исток ќе се пресели на Стариот континент. Вистината насекаде е различна. Во борбата за гол живот дури еден мал дел од нив се одлучува на крајно неизвесен и опасен пат кон некоја од западно европските земји.

Според најновите податоци на европската агенција за контрола на границите Фронтекс, во Европската унија во 2015 година влегле вкупно 340.000 мигранти од сите делови на светот. Многумина од нив патувале пренатрупани, во небесбедни чамци до бреговите на Италија и Грција. Помеѓу јануари и јули ова година преку Македонија, Србија, БиХ, Албанија, Црна Гора или Косово влегле 120.000 мигранти. Од кои земји тие доаѓаат , не е прецизирано со точност.

Факт е дека најголем товар се наоѓа врз земјите кои се наоѓаат во соседството на воено зафатените земји. Во Сирија пред избувнување на судирите живееле околу 20 милиони луѓе, а се проценува дека се раселиле повеќе од половина.УНХЦР располага само со податоци за регистрираните бегалци и според податоците од јануари ова година имало 3,7 милиони бегалци од Сирија. Кон крајот на август ова тажна бројка затснала на нешто повеќе од 4 милиони.

Сиријците се најмногубројни помеѓу бегалците кои доаѓаат во Европа. Сепак, повеќето од нив спас бараат во соседните земји, ова го откриваат податоците на УНХЦР и тие изгледаат вака: Турција ( речиси 2.милиони), Либан (1.1 милион), Јордан (630.илјади) Ирак (250.илјади) и Египет (130.илјади). Неофицијални податоци зборуваат дека на подрачјето на Европа дошле “само“ околу 250 илјади Сиријци, воглавном преку Италија.

Мешу бегалците бројни се и Авганистанците. Ова земја порано беше прва по бројот на овие несреќни луѓе кои заради насилствата и судирите ги напуштаа своите домови. Притоа повеќето од нив заминале во соседните земји, во Пакистан побегнале околу 1,5 милион. Освен Сирија и Авганистан, меѓу земјите од кои доаѓа голем број на бегалци сеуште се Руската Федерација, Еритреја,Сомалија, Ирак и Пакистан.

Што се однесува до европските земји, Германјија може да се пофали дека ја отворила својата врата на мигрантите и азилантите. Според постоечкиот систем таа треба да прифати околу 16% од вкупниот број на азиланти, а во Германија веќе завршиле околу 30%.

Бројката на оние кои бараат азил во Германија ова година би требало да се удвои на 800.000, а градовите кои најмногу се изложени на овој притисок веќе имаат проблеми со згрижувањето на мигрантите. Германската влада планира ова година да ги дуплира средствата за помош на градовите во згрижувањето на овие луѓе. Пред неколку денови го усвои предлог законот првобитните 500 милиони евра наменети за 2016 година да се исплатат ова година.

Ако се гледа просекот во последните седум години. Дојче Веле дошол до податок дека Германија во тој период веќе ја исполнила својата квота. Италија прифатила премалку, а Грција премногу бегалци.

Европската комисија покренала воведување на нови квоти и за тоа со години се расправа, ама договор нема. Моментално повеќето барања за азил ги прифаќаат само пет држави. Тие во случај на воведување на нови квоти би биле во плус, а останатите 23 би морале на почетокот да прифата поголем број на бегалци. Особено Велика Британија и Шпанија како и другите источноевропски земји.

Јасно е дека повеќе не вредат правилата од така наречениот Даблински договор ( тоа јавно го призна Ангела Меркел) според кој одговорноста за процесирање на барањата за азил лежи на земјата членка на ЕУ во која подносителите прво влеглед. Повеќето мигранти стигнуваат во Грција и Италија, ама тие порачуваат дека не можат да поднесуваат толку голем број на луѓе.

Во блиска иднина, изгледа дека нема да има конкретен договор на членките на ЕУ, ниту пак воведување на праведна рапределба на товарот. А, тоа значи дека на патот во неизвесност, надевајчи се на подобра иднина, нивните судбини и понатаму да останат закачувани на унгарскиот “зид“. И за жал, како што се одвиваат работите нема да биде само унгарскиот.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here