
Главниот претенден за позицијата претседател на британските лабуристи – Џереми Корбин – повторно побарал Обединетото Кралство да излезе од НАТО ! Притоа изјавил:
“НАТО требаше да прекине со постоење уште во 1990 година. Го критикувам НАТО заради тоа што таа е организација од времето на Студената војна која требаше да престане да постои веднаш после Варшавскиот пакт. Ако алијансата отворено за своја цел го поставува сопственото ширење, тогаш руските генерали ќе му соопштат на руските генерали ќе му соопштат на државното раководство : ние исто така сме принудени да се шириме, како би можеле да му парираме на НАТО“.
Корбин – учествувајќи во ТВ-дебата на кандидати за првата функција на партијата-нагласил дека Британија треба да развие добри односи со Русија како би се демитализирала границата со Украина. Бидејќи во спротивен случај: последивите можат да бидат многу опасни.
Според последните анкети на истражувачкиот центар YouGov, Корбин има убедлива предност и шанса да стане на чело на Лабуристите. За него се подготвени да гласаат 53% од приврзаниците на ова партија. Тоа е речиси 10% повеќе отколку пред 20 дена.
Неговвв главен конкурент е Енди Бехем кој има 21% од подршката.
Лабуристите на 12. септември ќе избираат нов лидер.










