“Исламската држава“ со помош на хемиско оружје го нападна градот Мареу, кој се наоѓа на само 20 километри од турската граница, потврдија меѓународните организации.
“Исламската држава “ освои нова територија на северот на Сирија, односно уште неколку села во северната покраина Алеп.
Со тоа ИД уште повеќе напредувала во подрачјето во кое Турција и САД планираат да отворат нова воена база од која ќе се бори против ова организација, изјавил еден од лидерите на бунтовниците кој се бори против исламистите на ова подрачје.
Силните напади започнале во текот на ноќта, а во четвртокот наутро градот веќе бил опколен, изјавил тој.
Од друга страна се додава дека ИД извршила напад и со хемиско оружје, што било потврдено од страна на меѓународни организации.











