Хрватските гробишта во некогашниот бегалски камп Ел Шатт во Египет обновени се со одлука на Владата на Република Хрватска во 2003 година, а на 11 обновени спомен-плочи на гробиштата напишани се имињата на 825 особи од Хрватска кои при бегството починале во Египет.
На бегалските гробишта Ел Шатт погребани се повеќе од 800 бегалци од 2-та светска војна, кои во Египет се авакуирани претежно од Далмација.
Египќаните спасија 25.000 Хрвати.
После капитулацијата на Италија, од Далмација преку Вис во Италија биле префрлени повеќе од 33.000 бегалци, а сојузничките сили потоа околу 25.000 Хрвати ги евакуирале во Египет, како би ги спасиле од гладување.
Кампот во Ел Шатт во првите четири месеци го водела британската Администрација за помош и бегалци на Блискиот исток ( МЕРРА), со помош на доброволци, на 1.октомври 1944 година логорот службено го презеле ОН, односно организацијата за помош на бегалци ( УНРРА)
Кампот Ел Шатт се наоѓал во пустината Синај, на подрачје од 260 четворни километри и бил поделен на пет одвоени кампови.
Вкупниот број на бегалци (25.000), биле сместени во шатори на британската војска. Во секој шатор претстојувале по 9 особи, а во изградените згради се наоѓале административни кацеларии, складишта, купатила и медицнски оддели.
Секој логор имал своја школа, административно сеиште за пресоналот на УНРРА и претставниците на бегалците, свои работилници, места за перење на алишта и слично.
Во Ел Шатт бегалците го дочекале крајот на Втората светска војна.
Административните работи биле поделени помеѓу претставниците на УНРРА и самите бегалци. Персоналот на УНРРА ги распоредувл продуктите . Поголемиот дел од работите ги воделе представници на бегалците, бидејќи таквото раководење на толку голема заедница значело и решавање на стотици секојдневни проблеми.
Во овој камп постоел и Централен одбор кој делувал во функција на народна власт, а под негов надзор се одвивале сите општествени активности. Тука исто така се издавал и весник “ Наш лист“, а ведна после него започнало и издавањето на весникот “ Жените во прогон“, “ Омладинска ревија“ и “Омладински збор“.
Хрватските бегалци во Ел Шатт го дочекале и крајот на Втората светска војна, а во 1946 година од Ел Шатт започнале да се враќаат во својата татковина (Хрватска).
Извор: index.hr
dubai-portal.com.mk










