
Тие бегаат од војна, од смрт. Се обидуваат да најдат спас во демократската и цивилизирана госпоѓа Европа.
Слики од кои дишењето застанува, од кои секој кој има душа (не срце, бидејќи сите имаат) ќе пушти солза, а тие слики со молкавична брзина го обиколуваат светот.
Македонската полиција и војска употреби сила против Сиријците, против жените, децата, старците, момчињата…. кои само си ги спасуваат голите животи. Тие не се криминалци, не се ИСИЛ-овци.
Кој е тој кој нареди да на сиротиот народ се тргне со солзавец, со сила? Кој е тој што има камено срце и нема чувства за страдањата на Сиријците? Спие ли мирно тој македонски функционер?
Спие ли мирно министерот за внатрешни работи на Словачка кој студено порача дека ќе примаат само христијански бегалци, ама не и муслимани, бидејќи во неговата држава немало ниту една џамија, па тие не би се чувствувале убаво?
Кави се тие двојни аршини кои завладеале во денешниот свет, во ова Европа која сака да се фали насекаде дека човечките права се загарантирани?
Па и Сиријците се луѓе, од крво и месо. Токму како и вие господа Македонији или Словачка.
Да, луѓе од крв и месо, токму како и вие господа од Брисел, кои сте донесале квоти за прифаќање на бегалци по земјите од Европската Унија, а сега немо посматрате слики од човечки страдања од кои и камен би расплакал,
Со месеци гопоѓа Европа итро молчела кога Средоземното море од ден во ден стануваше гробница за несреќните кои барале спас за себе и своите деца.
Дали госпоѓа Европа стана безрбетник само заради тоа што станува збор за бегалци од Сирија?
Сето ова што сега го гледаме потсетува на 1992 година. Нека Господ им е напомош!
И сега, освен математичката пресметка на квотите, немо се посматра како македонската полиција и војска со невидена омраза насрннува на несреќните луѓе. Што ли вечерва ќе стане со нив: И сите наредни денови…
Dubai-portal.com.mk










