Гасовод

Министрите за надворешни работи на Маѓарска, Србија, Македонија и Грција би можеле наесен да потпишат меморандум за изградба на гасовод од Турција до Австрија, пишува денешен “ Ведмости“.

Состанокот се очекува да се случи во септември. Планирано е да биде донесена одлука за подготовка на студија за изводливост, потврдил претставник на копманијата ФГСЗ која ќе биде задолжена за цевоовод на територијата на Маѓарска. Гасоводот ќе биде наречен “Тесла“.

Првата седница на работната група за овој проект одржана е на 25 јуни, соопштил претставник на МНР на Маѓарска. Проектот, на чија копија се повикува весникот веќе е предаден на разгледување на Европската мрежа на системски оператори-испорачатели на гас за добивање на статус проект од заеднички интерес.

Гасоводот “Тесла“ планираное е да биде пуштен во работа во 2019 година. Неговата сила ќе изнесува 27 милијарди кубни метри гас, а должината помеѓу 1300 и 1400 километри. Прелиминарната цена на неговата изградба ќе изнесува помеѓу 4 и 5 милијарди евра.

Постои можност од територијата на Грција да биде изграден и крак кон Италија. Во тој случај, јачината на грчкиот дел ќе изнесува 42 милијарди кубни метра, наведува весникот. Планирано е  во “Тесла“ да пристигнува гас не само од “Турскиот ток“ туку и од гасоводот “ТАНАП“. ( Трансанадолиски гасопровод), наведил претставник на МНД Маѓарска. “Тесла“ ќе може да работи и во реверсен режим.

Соговорници на весникот наведуваат дека без гас од “Турскиот ток“ проектот “Тесла“ нема да биде изграден: азербеџанскиот  гас од ТАНАП а не е доволен за “Тесла“, сметаат тие. Статус од заеднички интерес е потребен како би добиле парични средства од европските фондови, тврди еден од учесниците на проектот. Тесла има и свој конкурент – словачкиот пројект “Источен прстен“ кој треба да тргне од Бугарија и Романија , пишува весникот.

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз денес изјави дека на руската страна и испратил проект на договор за “Турскиот ток“, пренесува Ројтерс. Според неговите зборови во овој момент се очекува одговор од руската страна.

Министерството за енергетика на Русија засега од Турција не го добил нацрт соговорот за изградбата на “Турскиот ток“.

Извор:(rs.sputniknews.com)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here