Либиската меѓународната призната Влада, со седиште во Тобрук, ги повика арапските земји да изведат воздушни напади на положбите на ИСИЛ на просторот на крајбрежниот централен град Сирт, потврдија вчера од кабинетот на ова Влата.
Имено, во последните неколку денови припадниците на ИСИЛ го скршиле отпорот-бунт кој го подигнале салафистите. Притоа убиени се десетици, меѓутоа како што изгледа ИСИЛ превладал и градот повторно го држи под контрола. Потсетуваме, градот беше заземен во април ова година.
“Ги повикуваме нашите арапски браќа да изведат воздушни напади на положбите на ИСИЛ во Сирт“, се наведува во ијавата. Дали некој ќе одговори на овој повик-апел? Можеби Египет кој и самиот има големи проблеми со ИСИЛ. Потсетуваме , токму египетскиот огранок на ИСИЛ неодамна го киднапира и погуби според објавените фотографии хрватот Томислав Салопек.









